Планинарски дом „Караџица“: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Планинарскиот дом Караџица се наоѓа на падините на планината [[Мумџица]] која е составен дел на планинскиот масив [[Јакупица]] која пак го завзема централниот дел на Република Македонија. Изградбата на домот е започната во 1952 година, а во свечена употреба за посетителите е пуштен во1954 година.(според кажувања на планинари кои учествувале на отварањето). Домот Караџица, се наоѓа на 1450 м.н.в. и до него може да се пристигне на неколку начини и од неколку правци. Со возило патот води од Драчево кон селата Д.Количани-Горно Количани-Црвена Вода-Преслап- потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот. Од Драчево до п.дом Караџица има 38 км. колски пат. Следна опција за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка- Лисиче- Дреново-Долно Јаболчиште- Горно Јаболчиште-Дом Караџица. Опциите за пристигнување пеш во п.дом Караџица се следни: (скопско)-Преслап-Кадина Река-с.Алдинци-Караџица (од прилика 2.30 часа пешачење), с.Цветово-п.дом Караџица (од прилика 3.30 минути), с.Патишка Река-Салакови Езера-п.дом Караџица (8 часа пешачење), с.Црн Врв-Салакови Езера-п.дом Караџица (6 часа пешачење) (велешко) од п.дом Чеплес-Солунска Глава-П.дом Караџица од прилика 6 часа пешачење.
[[Податотека:Https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/76411 130296740359425 7311101 n.jpg|мини|п.дом Караџица]]
Од Драчево до п.дом Караџица има 38 км. колски пат. Следна опција за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка- Лисиче- Дреново-Долно Јаболчиште- Горно Јаболчиште-Дом Караџица. Опциите за пристигнување пеш во п.дом Караџица се следни: (скопско)-Преслап-Кадина Река-с.Алдинци-Караџица (од прилика 2.30 часа пешачење), с.Цветово-п.дом Караџица (од прилика 3.30 минути), с.Патишка Река-Салакови Езера-п.дом Караџица (8 часа пешачење), с.Црн Врв-Салакови Езера-п.дом Караџица (6 часа пешачење) (велешко) од п.дом Чеплес-Солунска Глава-П.дом Караџица од прилика 6 часа пешачење.
Ред 17 ⟶ 20:
 
Домот има капацитет од 15 соби, со 65 кревети. На гостите на располагање им се пондудени кујна опремена со пристојни елементи-прибори, фрижидери и ормани за храна, туш кабини, чиста постелнина, тв со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња. Нашето друштво организира превоз до п.дом Караџица и тоа со поаѓање и враќање од пред шумското стопанство Караџица над бензинската во Драчево. Планинарскиот дом Караџица е еден ако не и единствен планинарски дом кој е отворен за посетителите во текот на целата година. Со нашето започнување со управувањето на домот се забележува постепено но сигурно зголемување на бројот на гости пред се благодарејќи на превозот, и планинарските акции кој ги организира нашето и другите планинарски друштва.
[[Податотека:Https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/644621 414587225263707 1363388636 n.jpg|безрамка|Солунска Глава (2540 м.н.в)]]
 
Планинарски настани кој ја одбележуваат годината се неколкуте традиционални маршеви како што е маршот Богомила- п.дом Чеплес-Солунска Глава-п.дом Караџица-М.Манастир-Водно-Скопје, во организација на планинарското друштво Бистра од Скопје, маршот во чест на чичко Јосиф Илковски(домарот на планинарскиот дом на Китка) со релација-Богомила-Чеплес-Солунска Глава-Караџица-Китка-Драчево во организација на планинарското друштво Трансверзалец од Скопје, потоа традиционалното качување на врвот Убава (2344 м.н.в.) и Салакови Езера (2180 м.н.в)организиран од спд.Драчево, потоа планинарската забавата на Бегово Поле(2000мнв.) организирана од спд-Македон од Скопје и други.