Петар Чаулев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
=== Учeство во војните ===
За време на [[Првата балканска војна]] во [[1912]] година, ставајќи се под знамето на балканските сојузници за ослободување на Македонија од турското ропство, со својата чета учествувал во ослободувањето на [[Охрид]], [[Демирхисарско]], [[Дебарца]] и [[Кичево]]. Во предвечерието на [[Втората балканска војна]], во [[јуни]] [[1913]] година, учествувал во [[Тиквешко востание|Тиквешкото востание]], протерувајќи ги српските воени и административни власти од [[Тиквешијата]] и ослободувајќи го [[Неготино]] и [[Кавадарци]] заедно со другите чети на ''ВМОРО''. По крвавото задушување на востанието, Петар Чаулев продолжува за [[Охридско]], каде што во септември 1913 година се става на чело на [[Охридско востание|Охридското востание]], однoсно ''Македонско-албанското востание''. Во 1913 година кога во летото почна познатата македонско-албанска буна, Чауле е меѓу првите водачи во организацијата на албанските и македонските чети во борбата против српската нова власт. Тој активно со Павел Христов и Милан Матов учествуваат во оваа буна и ги посетуваат сите реони почнувајки од Елбасан, Струга, Дебар, Охрид, Гостивар, Кичево и други места коишто заедно со албанските водачи и чети дејствуваат и активно се борат против српските воени единици. За ревулуционерното делување на Петар Чауле имаат пишувано повеќе негови соборци како и странски патописци кои биле многу воодушевени од неговото борбено и организационо делување. Бил почитуван не само од македонците туку и од албанците.За мошне кратко време македонските и албанските востанички чети, на чело со Петар ЧаулевЧауле, ги протерале српските власти од [[Дебар]], [[Охрид]], [[Струга]], [[Ресен]] и [[Кичево]] и воспоставиле своја револуционерна власт. Притоа, тој во своите спомени запишал:
 
:''Дебар ликуваше. Македонското знаме се развеваше на секој прозорец, а во Охрид Навистина, целиот народ ликуваше. Собрани толпи на прозорците само чекаа да се јави некој од привремената влада или војводите, за да викне ура!'' <ref name="PCCVMRO">[http://clubs.dir.bg/showthreaded.php?Board=maked&Number=1942661954 Петар Чаулев - син на ВМРО, Д-р Зоран Тодоровски]</ref>.