Разлика помеѓу преработките на „Џејсон Њустед“

Додадени 4.354 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
По смртта на [[Клиф Бартон]] во [[септември]], 1986, за време на турнејата на [[Металика]] низ [[Шведска]], групата започнала да бара нов басист. Њустед се пријавил на огласот, и бил избран помеѓу 39 различни [[музичар]]и. Првиот настап во живо со новиот бенд му бил во еден ноќен паб од [[Калифорнија]]. Во првите години со групата бил често закачкан од фронтменот [[Џејмс Хетфилд]], кој впрочем и му го измислил прекарот ''Џејсон Њукид''.
 
Првото снимено издание со [[Металика]] му бил мини [[албум]]от ''[[The $5.98 E.P.: Garage Days Re-Revisited]]'', објавен 1986, а првиот студиски албум ''[[...And Justice for All (албум)|...And Justice for All]]'' излегол две години подоцна. [[Продуцент|Продукцијата]] за споменатиот албум била на доста ниско ниво, а и самиот Џејсон истакнал дека едвај можел да го слушне [[бас гитара|басот]] на тој албум.<ref>{{cite journal|url=http://www.guitarworld.com/metallica-talkin-thrash?page=0,6|title=Металика: Приказна за треш металот|author=Ричард Бинсток|journal=Guitar World|date=декември, 2008}}</ref> Освен на тие дискови, Њустед се појавува и на наредните три [[студиски албум]]и на [[Металика]], како и на сите [[ДВД]], [[видео]] и [[филм]]ски записи поврзани со бендот. Освен што свирел на [[бас гитара]], Њустед бил и придружен [[вокал]] позади [[Џејмс Хетфилд]]. За време на светската турнеја од 1991 год. дури и го заменувал Хетфилд како водечки [[пејач]] на [[Металика]] додека тој бил во болница (поради изгореници на [[рака]]та).<ref>{{cite web|last=Башам|first=Дејвид|url=http://www.mtv.com/news/articles/1432057/20000710/metallica.jhtml |title=Известување: Фронтменот на Металика ќе пропушти неколку концерти|work=MTV.com |publisher=МТВ мрежа |date=2000-07-10 |accessdate=2009-02-07}}</ref>
 
Познато е дека напишал три песна за [[Металика]], и тоа:
<blockquote>''Искрено да ви кажам, не зажалив ниту еден посто кога ја напуштив Металика. Така беше најдобро за сите. На никој не сум кажал дека жалам за одлуката, ниту пак имам намера тоа да го сторам. Тоа решение не беше воопшто лесно да се донесе, и многу размислував за тоа пред да се одлучам на тој потег. Оттогаш ниеднаш не погледнав наназад и не сум се запрашал дали постапив правилно. Едноставно така требаше да биде.'' Ова го кажал Џејсон Њустед во [[филм]]от ''[[Some Kind of Monster (филм)|Some Kind of Monster]]''.</blockquote>
 
Постоеле неколку шпекулации во наредните неколку години дека Њустед евентуално би се вратил во [[Металика]], но таквите најави се покажале неточни. И покрај разделбата со [[Металика]], Џејсон останал пријател со останатите членови. На 4 [[април]], 2009 год. бил примен во ''Rock and Roll'' куќата на славните во [[Кливленд]], [[Охајо]]. Во декември, 2011 год. настапил на серијата концерти по повод 30 години од основањето на [[Металика]], во придружба на сегашните членови на бендот.<ref>{{cite web|url=http://blog.zap2it.com/pop2it/2011/12/metallica-reuniting-with-jason-newsted-at-30th-anniversary-concert.html |title=Металика повторно се обединија со Њустед по повод нивната 30-годишнина|publisher=Blog.zap2it.com |date=2011-12-07 |accessdate=2012-01-07}}</ref>
 
=== Воивод и Ози Озборн ===
 
На церемонијата од [[април]], 2009, по повод примањето на [[Металика]] во ''рок енд рол'' Куќата на славните присуствувал и Џејсон Њустед. Во таа пригода имал и мал концертен настап со бендот, нивниот прв заеднички перформанс по последната свирка во 2000 год. На бината истовремено се појавиле и Њустед и Трухиљо, секој свирејќи на [[бас гитара]].
 
Во октомври 2010 год. беше објавено дека Њустед ќе се приклучи на новоформираната супер група WhoCares, во друштво на [[Иан Гилан]] и [[Џон Лорд]], поранешни членови на [[Deep Purple]], [[Тони Ајоми]], гитарист на [[Блек Сабат]] и тапанарот [[Нико Мекбрејн]] он [[Ајрон Мејден]]. Заеднички ги сниниле песните „Out of My Mind“ и „Holy Water“, кои биле издадени во [[ЦД]] формат. Во [[декември]] 2012 год. Џејсон ги известил [[медиум]]ите дека формирал сопствен бенд под името ''Њустед'', кој во [[јануари]] следната година го издал мини [[албум]]от со 4 песни, насловен како ''Метал''.<ref>{{cite web|url=http://loudwire.com/jason-newsted-posts-letter-self-titled-band-metal-ep/|title=Џејсон Њустед испрати писмооткривајќи го насловот на мини албумот од неговиот нов бенд|publisher=''Loudwire''|first=Чед|last=Чилдерс|date=15 декември, 2012|acessdate=16 декември, 2012}}</ref><ref>{{cite web|url=http://loudwire.com/jason-newsted-finishing-first-record-new-self-titled-band/|title=Џејсон Њустед го привршува првиот албум со неговиот новоформиран бенд|publisher=''Loudwire''|first=Чед|last=Чилдерс|accessdate=16 декември, 2012}}</ref>
 
Џејсон Њустед инаку е член на колегиумот на директори и лојален поддржувач на непрофитабилната организација ''Малите деца свират'', која обезбедува бесплатни [[музички инструмент]]и за повеќето основни училишта низ [[САД]].
 
== Дискографија ==
;Екобреин
* ''Echobrain'' (2002)
* ''Strange Enjoyment'' (2002) (EP)
* ''Glean'' (2004) (writing credit on one song, producer)
 
;Флотсам и Џетсам
* ''[[Doomsday for the Deceiver]]'' (1986)
* ''[[No Place for Disgrace]]'' (1988) (writing credits on three songs)
 
;Gov't Mule
* ''[[The Deep End, Volume 2]]'' (2002)
 
;ИР8/Сексорутика
* ''[[IR8 vs. Sexoturica]]'' (2002)
 
;Металика
* ''[[The $5.98 E.P.: Garage Days Re-Revisited]]'' (1987)
* ''[[...And Justice for All (албум)|...And Justice for All]]'' (1988)
* ''[[Metallica (албум)|Metallica]]'' (1991)
* ''[[Live Shit: Binge and Purge]]'' (1993)
* ''[[Load]]'' (1996)
* ''[[ReLoad]]'' (1997)
* ''[[Garage Inc.]]'' (1998)
* ''[[S&M]]'' (1999)
* ''[[Six Feet Down Under]]'' (2010)
 
;Мос
* ''Electricitation'' (2001)
 
;Њустед
* ''Metal'' (EP) (2013)
 
;Папа Вили
* ''Unipsycho'' (2002)
* ''Live Lycanthropy'' (2003)
 
;Рок Стар Супернова
* ''[[Rock Star Supernova (албум)|Rock Star Supernova]]'' (2006)
 
;Сепултура
* ''[[Against]]'' (1998) (Hatred Aside)
 
;Анкл
* ''Psyence Fiction'' (1998)
 
;Воивод
* ''[[Voivod (албум)|Voivod]]'' (2003)
* ''Katorz'' (2006)
* ''Infini'' (2009)
 
;ХуКерс
* ''Out of My Mind / Holy Water'' (2011)
 
== Наводи ==