Разлика помеѓу преработките на „Џејсон Њустед“

Додадени 3.026 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
с
 
=== Флотсам и Џетсам ===
Својата долгогодишна кариера, Њустед ја започнал во [[треш метал]] бендот ''Flotsam and Jetsam''. На нив им се приклучил во 1982, а таму бил и главниот текстописец за нивниот прв [[студиски албум]] ''Doomsday for the Deceiver'', издаден 1986 год. Тоа воедно бил и единствениот музички проект на тој бенд каде активно учествувал самиот Њустед.
 
=== Металика ===
По смртта на [[Клиф Бартон]] во [[септември]], 1986, за време на турнејата на [[Металика]] низ [[Шведска]], групата започнала да бара нов басист. Њустед се пријавил на огласот, и бил избран помеѓу 39 различни [[музичар]]и. Првиот настап во живо со новиот бенд му бил во еден ноќен паб од [[Калифорнија]]. Во првите години со групата бил често закачкан од фронтменот [[Џејмс Хетфилд]], кој впрочем и му го измислил прекарот ''Џејсон Њукид''.
 
Првото снимено издание со [[Металика]] му бил мини [[албум]]от ''[[The $5.98 E.P.: Garage Days Re-Revisited]]'', објавен 1986, а првиот студиски албум ''[[...And Justice for All (албум)|...And Justice for All]]'' излегол две години подоцна. [[Продуцент|Продукцијата]] за споменатиот албум била на доста ниско ниво, а и самиот Џејсон истакнал дека едвај можел да го слушне [[бас гитара|басот]] на тој албум. Освен на тие дискови, Њустед се појавува и на наредните три [[студиски албум]]и на [[Металика]], како и на сите [[ДВД]], [[видео]] и [[филм]]ски записи поврзани со бендот. Освен што свирел на [[бас гитара]], Њустед бил и придружен [[вокал]] позади [[Џејмс Хетфилд]]. За време на светската турнеја од 1991 год. дури и го заменувал Хетфилд како водечки [[пејач]] на [[Металика]] додека тој бил во болница (поради изгореници на [[рака]]та).
 
Познато е дека напишал три песна за [[Металика]], и тоа:
* „Blackened“ (''[[...And Justice for All (албум)|...And Justice for All]]'')
* „My Friend of Misery“ (''[[Metallica (албум)|Metallica]]'')
* „Where the Wild Things Are“ (''[[ReLoad]]'')
 
=== Разделбата со Металика ===