Видое Подгорец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени во текстот (од 77.29.217.137) и вратена ревизијата 2793516 на Вик Ретлхед
Ред 40:
 
== Литературно творештво ==
Видое Подгорец започнал да пишува додека бил ученик во учителската школа во Штип, а малку подоцна, непосредната работа со децата (како учител) имала пресудно влијание за неговата определба за детската литература. Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски писатели: само во првите десетина години од своето творештво, веќе објавил околу триесет книги! Неговите дела се преведувани на повеќе јазици, и тоа: [[српски јазик|српски]], [[хрватски јазик|хрватски]], [[словенечки јазик|словенечки]], [[турски јазик|турски]], [[албански јазик|албански]], [[руски јазик|руски]], [[украински јазик|украински]], [[полски јазик|полски]], [[чешки јазик|чешки]], [[словачки јазик|словачки]], [[бугарски јазик|бугарски]] итн. Тој пишувал поезија и проза за возрасни и за деца, а се занимавал и со книжевна критика и [[есеистика]], а покрај тоа, има објавено серија патописи од неговите патувања по [[Блискиот Исток]]. Во продолжение, тој е автор на неколку телевизиски сценарија за детски игри, како и на две радио-драми за деца: „Незавршена приказна“ (заедно со [[Михо Атанасовски]]) и „Чудесно патување“. Исто така, тој е уредник на две антологии: „Гулаб на мирот“(избор на раскази за деца) и „Вртешка“ (избор на песни за деца). Во [[1969]] година, издавачката куќа [[„Наша книга“]] од Скопје објави избор од делата на Подгорец во десет книги. Прост еден Глупав noob
 
Поважни дела на Подгорец се: