Беласица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 6:
|region=Балкан
|region1=
|border= {{МКД}}, {{БУГ}}, {{ГРЦ}}
|highest=[[Радомир (врв)|Радомир]]
|highest_elevation= 2029
Ред 18:
'''Беласица''' е планина во југоисточниот дел од [[Македонија]] во близина на [[Струмица]]. Има напореднички правец на протегање исток - запад и должина од над 70 км2. Спаѓа во групата најстари планини не само во [[РМ]], туку и на [[Балкански полуостров|Балканскиот полуостров]]. Настанала за време на создавањето на [[Родопските Планини]]. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура планината е изразит [[хорст]] со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.<ref>''А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2003''</ref>
 
Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката [[Вардар]] на запад. [[Струма]] на исток, [[Струмичка котлинаКотлина|Струмичката Котлина]] на север и [[Дојранска котлинаКотлина|Дојранската]] и [[Серска котлинаКотлина|Серската котлинаКотлина]] на југ. Според висичината спаѓа во групата високи планини. Наjвисок врв е [[Радомир (врв)|Радомир]] (Калабак) - 2029 м. На врв [[Тумба (врв)|Тумба]] се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, [[Бугарија]] и [[Грција]]. Тука е поставен граничен камен во вид на [[пирамида]], што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и др.<ref>''Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјефни карактеристики на Источна Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979'' </ref>
 
Но таа е уште побогата со планински [[пасишта]] на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на [[пасење]]. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити. Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални извори. Меѓу нив најпознат е изворот во с. [[Банско]]. Водата од овој извор е лековита, минерална и сулфурна со температура од 75 С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во РМ. Денес изворот е уреден и спаѓа меѓу најпознатите лекувалишта - бањи во нашата земја. Беласица е богата со рудни богатства но сѐ уште ништо не се експлоатира.