Хемус (автопат): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Хемус''' ({{lang-bg|Автомагистрала „Хемус“}}) е [[автопат]] во [[Бугарија]], кој го поврзува [[Главен град|главниот град]] [[Софија]], преку [[Велико Трново]], со третиот по големина град во земјата [[Варна]] на [[Црно Море|Црното Море]]. Автопатот го носи античкото име на [[Стара Планина]] низ која минува дел од трасата на автопатот.
 
Планираната должина на автопатот „Хемус“ e 433 километри, од кои до [[2012]] година 151 километри се во изградба. Трасата, што е во изградба е во два дела — првиот е од [[Софија]] до [[Јабланица (Бугарија)|Јабланица]] и вториот — од [[Шумен]] до [[Варна]]. Автопатот парира на патиштата E70 (Варна-Шумен), E772 (Шумен-Јабланица) и E83 (Јабланица-Софија).
 
Делницата Правец-Јабланица е меѓу најтешките за спроведување поради многу суровиот планински релјеф на [[Стара Планина]]. Таа официјално била отворена на [[5 декември]] [[1999]] година. Делницата е 5,47 километри во должина, а уште 16 км биле во реконструкција. Таа располага со два виадукта и еден тунел („Правешки Ханови“), додека целиот правец Софија-Јабланица има три тунели. Изградбата на делницата Правец-Јабланица започнала во [[1984]], но престанала во доцните 1980-те години поради недостаток на средства.<ref>{{cite web|title=Иван Костов откри участъка Правец - Ябланица на магистрала "Хемус"|url=http://bvplus.declera.com/archive/old/archive49_99.htm|publisher=Botevgradski Vesti|date=6 December 1999}}</ref> Делницата од 12,8 километри која ги поврзува [[Шумен]] со [[Каспичан]] на исток била отворена на [[30 декември]] [[2005]] година и чинела 77 600 000 лева.<ref>{{cite web|title=Строежът на „Хемус” е в ръцете на държавата|url=http://big.bg/modules/news03/article.php?storyid=43031|publisher=BiG.BG|date=8 October 2009}}</ref>