Кога веќе ја имале [[моќ]]та во свои [[раце]], ликовите-негативци не се двоумеле како да ја употребат во своја полза. НајпрввоНајпрво Карл бил избавен од немилосрдноста на [[САД|американското]] подземно [[општество]] со помош на својот далечен роднина, за подоцна од него да биде набркан поради бизарно недоразбирање. Вториот очигледен пример за злоупотреба на дадената положба било своеволното однесување на [[хотел]]иерскиот портир Феодор, кој безобѕирно се изживувал со пониските службеници во Окцидентал и вршел невиден [[мобинг]] врз Карл. Сето тоа било само поради тоа што не постоела [[сила]] или [[авторитет]] кој би ги надгледувал и казнувал сите недозволени престапи на своеглавите чиновници од [[угостителство|угостителската]] [[институција|установа]].