Спејс шатл: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
 
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
 
 
'''Спејс шатл''' (англ. ''Space Shuttle'') програмата на [[НАСА]] позната и како ''Вселенски транспортен систем'' е група од идентични вселенски летала кои се користат за мисиите со човечки екипаж на владата на САД. При лансирањето се состои од надворешен резервоар (кафен) две ракети за помош при лансирањето и самото вселенско летало.
 
Леталото носи астронаути и корисен товар како што се сателити или делови од вселенската станица во ниската орбита околу Земјата. Обично екипажот се состои од 5-7 члена. Товарниот капацитет е 22.700кг. Кога ќе ја заврши вселенската мисија, леталото со помош на своите мотори се упатува кон Земјата и навлегува во атмосферата. За време на спуштањето леталото лизга по слоевите од атмосферата додека се спушти, слично како авион, на некој од аеродромите направени за таа намена.