Шагринска кожа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48:
 
== Стил ==
Иако тој го употребувал епитетот „философски“, романот на Балзак е во изобилство на фантастични елементи. Кожата му нуди голем број на можности на Валентин, a тој ја користи за да си ги задоволи желбите. На пример, присилен да влезе во [[двобој]], тој објаснува дека ниту се обидел да го избегнее куршумот од противникот ниту пак да го впери својот пиштол во противникот; последицата е неизбежна. Тој пука без грижа и веднаш го убива другиот човек.<ref name="Balzac">Balzac, стр. 250.</ref> На друго место, [[Натприродно|натприродните]] квалитети на кожата се прикажуваат кога тој се противи на обидите на [[хемичар]]ите и [[физичар]]ите да ја растегнат.<ref>Balzac, стр. 210–221.</ref>
 
Меѓутоа, ова вклучување на фантазија е во најголем дел план со кој авторот ја дискутира [[човечката природа]] и [[општество]]то. Всушност, една критика, претпоставува дека „приказната би била речиси иста и без неа“.<ref>Oliver, стр. 82.</ref> Балзак користел натприродни елементи во своите романи напишани за пари кои ги издавал под [[псевдоним]]и, но нивното присуство во „Шагринска кожа“ сигнализираат пресврт кај неговиот пристап кон [[Симболизам|симболизмот]]. Кога користел фантастични предмети и настани во порани дела, тие во најголем дел биле заплетни точки или едноставни средства за исчекување. Со „Шагринска кожа“, од друга страна, амајлијата ја претставува душата на Валентин; во исто време, неговата смрт е симболична на поголемо друштвено опаѓање.<ref>Dedinsky, стр. 36.</ref> Вистинските фокуси на Балзак во романот од 1831 се моќта на човечката желба и природата на општеството по Јулската револуција.<ref name="fant-real">Hunt, стр. 39; Bertault, стр. 61; Millott, стр. 74; Affron, стр. 84; Pritchett, стр. 108.</ref> Францускиот писател и критичар [[Фелисиен Марко]] дури предложил дека симболизмот во романот дозволува почиста анализа отколку самостојните [[студија на случај|студии на случаии]] кај другите романи на Балзак; со отстранување на анализите до апстрактно ниво, станува по некомплицирано од варијанти на самостојни личности. Како [[обичен човек]], Валентин ги прикажува есенцијалните карактеристики на човечката природа, а не одреден човеков пристап на дилемата која ја нуди кожата.<ref>Marceau, стр. 37–38.</ref>