Слатино (Охридско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
== Историја ==
{{Внимание}}
Слатино е рурална населба низ која тече Слатинска река со регулирано корито кое претставува украс на селото. Најстар пишан податок за жителите на селото е Опширниот пописен дефтер на охридскиот санџак од 1582 година каде е наведено дека Слатино има 327 жители, сите христијани. Според истражувањата на Миливој Костески, Слатино во 1953 година имало 1016 жители што претставува максимум во досегашното постоење. Оттогаш наваму бројот на населението е во постојано опаѓање и денес има околу 100 жители.

Со податокот дека Слатино се смета за ридско – планинско и сиромашно село печалбарството било присутно уште во втората половина на 19 век. Печалбарите претежно заминувале напролет во Влашко, Србија и Бугарија а се враќале наесен. Најголем печалбарски бран го зафатило селото од 1909 до 1912 година кога проработел прекуокеанскиот пат за Канада и Аргентина. Тогаш заминале седумдесет Слатинци. Од Канада една група поради немање работа заминала за Австралија. Вториот голем печалбарски бран е од 1960 до 1970 година и со помал интензитет трае до денешни денови. Сегашниве печалбари со себе ги носат и своите семејства за да денес во Австралија има над 120 семејства. Повеќемина од нив работат во железарниците на Гринвил и Порт Кембла. На привремена работа во европските земји заминати се околу 30 Слатинци. Секоја веселба и седнување на трпеза во селото почнува со благословот “ За добрите абери од печалбарите “. Долги се списоците со имињата на Слатинци кои се растурени секаде по светот. Движејќи се низ населбата се сретнавме со Панко Стојкоски и неговата мајка Зорка. По долгиот престој во Австралија се вратиле во родното огниште и се вселиле во новоизградената куќа. Радоста не ја дочекал домаќинот кој починал неодамна, а во Австралија останала ќерката Нада со семејството. На одмор беа дојдени Иванчо и Митра Каранџулоски со семејството. Тие во Австралија се над 20 години. Нивната радост од престојот беше неизмерна.
 
Во селото постојат две цркви кои се градени во 19 век како и манастир. Горната црква “Света Богородица” скришно е градена многу години бидејќи немало дозвола за градба. Таа била зографисана после Илинденското востание до 1912 година од мијачките браќа Димитрија, Ефтим и Ѓорѓи Чолакот. Долната црква се вика “Света Стара Недела”. Започнала да се гради 1808 година и била завршена во 1858 година. Манастирот Свети Јован Бигорски се смета дека е некаде од многу одамна. Тој е запален од Турците во 17 век. По иницијатива на печалбари од Слатино и со доброволно собирање пари успеано е да се соѕида сегашното манастирче, а дури во 1980 година со помош на наши иселеници од Австралија направена е оградата, трпезаријата и камбанаријата.
 
Во минатото низ вековите белег на селото оставило свештеничкото и револуционерно семејство Поповци кое преку неколку генерации дало познати борци за духовно и национално ослободување на македонскиот народ и за осамостојување на државата и црквата. За спомените и вистините, за легендите и случувањата ни раскажува Ѓорѓија Попоски: - Горд сум што потекнувам од такво семејство. Мојот прадедо поп Анѓеле бил ученик на Димитар Миладинов и личен пријател со Григор Прличев.
 
Откако го завршил училиштето кај Миладинов продолжува да се школува во јанинската гимназија каде добро го совладал грчкиот јазик. Потоа ја завршува духовната семинарија во Русија и во Слатино го формира првото училиште на народен јазик. После 4 години се запопил. Тој имал удел во преведувањето на триптихот што денеска се чува во “Свети Наум” во Охрид. Основач е на првата револуционерна ќелија во западна Македонија позната во историјата како Слатинска компанија. Таа ќе биде една од првите искри и предвесник на претстојните борби и револуционерни настани во Македонија. Таа негова духовна и патриотска активност предизвикува љубомора кај слатинските попови кои бараат начин да му ја одземат парохијата. Убиен е во 1875 година и во извештајот на рускиот конзул од Битола и во пишувањето на рускиот славист Селишчев убиството е напишано како злосторство.
 
Неговиот син поп Ѓорѓија бил познат македонски комита, војвода и револуционер, учесник во Илинденското востание и во Првата Балканска војна за ослободување и осамостојување на Македонија, како личен пријател и соборец на Никола Карев, Дамјан Груев, Христо Узунов, Петар Чаулев, Јордан Пиперката и истомисленик на Гоце Делчев со кого имал средба во Битола и на многу други револуционери, комити и војводи. Османлиските власти го осудувале 12 пати на затворски казни од кои 3 пати по 101 година. Првиот пат е осуден на 101 година затвор кога на 4 април 1903 година биле сардисани сите села во Дебрца по буната во Арбиново и биле собрани 218 селани меѓу кои и 18 Слатинци. Биле осудени во Битола а потоа префрлени со сточни вагони во Солун. Ги натовариле на еден параброд за Дијар Беќир. Благодарение на охридските првенци и битолските чорбаџии, со поткуп поп Ѓорѓија е симнат од бродот и вратен назад. Од Дијар Беќир со амнестија од 1908 година 10 Слатинци се вратиле дома, а девет засекогаш ги оставиле коските во пустините на Мала Азија.
 
Жената на поп Ѓорѓија, баба Дола, поради својата храброст и учество во Илинденското востание комитите и даваат име Рајна. Таа го има извезено знамето на црвена основа со жолти реси а како амблем е библијата со пиштолот и камата. По тој повод е испеана песната: - “Се налути турскиот паша од Панаѓуриште, да ја фатите и жива да ја донесете Рајна поп Ѓеоргиева”. Кога ја фатиле таа им се обратила: - Сакате колете ме, сакате бесете ме, јас го везев знамето и го ставив знакот смрт или слобода за Македонија.” На 13 октомври 1913 година поп Ѓорѓија бил стрелан пред својот народ во Слатино од српската окупаторска власт бидејќи не сакал да ја потпише изјавата дека се чувствува Србин.
 
Неговиот син сиракот Антим, немал можност да ја заврши богословско – учителската школа во Битола бидејќи бил протеруван од школските управи како син на бунтовник и опасен за српската власт. Како печалбар во Белград воспоставил контакти со напредни студенти и работници и бил посетител на друштвото Вардар организирано од македонските студенти во Белград. Таму се сретнал со Петре Пирузе, со Петар Богданов Кочко, Кузман Јосифовски Питу и многу други личности од кои се надоградувал и го збогатувал своето знаење. Антим со својот ангажман ја освојува довербата на Кузман Јосифовски Питу, Михајло Апостолски, Методија Андонов Ченто кои престојувале во Дебрца. Петре Пирузе заедно со Кузман Јосифовски Питу во ноември 1941 година го организирале неговото запопување во Тирана кај владиката Кристофор. Тој е прифатен за член на проширениот состав на главниот штаб на НОВ и ПОМ и ја води комисијата за верски прашања. Татко ми Антим е еден од иницијаторите и организаторите во главниот штаб за организирање на Првиот свештенички собор во октомври 1943 година во село Издеглавје, каде се поставени темелите на МПЦ и се донесени многу значајни историски одлуки за МПЦ, македонскиот народ и за движењето. Тој собир е предвесник на историскиот АСНОМ.
 
Во НОВ зеле учество 127 Слатинци, од нив 7 се загинати и 9 ранети. Во нивни спомен на влезот од селото е изграден импозантен споменик.
 
Приказните за Слатино, за животот во него некогаш и сега ќе ги продолжат генерациите, а селото ќе опстојува благодарејќи на ресурсите со кои го дарила природата и вредните Слатинци кои со инфраструктурни зафати придонесуваат Слатино повторно да го врати некогашниот сјај.
 
== Демографија ==