Список на земјите по БДП (номинален): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Неколку од наведените економии не се сметаат за земји (светот, ЕУ и некои [[зависна територија|зависни територии]]), но фигурираат на списоците бидејќи стојат во изворите. На овие економии не им се дава ранг, туку се наведуваат по потреба.
 
Тука претставените податоци не го земаат предвид трошокот на живеење во разни земји. Покрај тоа, резултатите знаат во голема мера да се разликуваат од година во година, зависно од колебањата на [[девизен курс|курсот]] на [[валута]]та на дадената земја. Ваквите колебања го менуваат рангот на земјата од една година на друга, но не претставуваат одраз на фактичкиот животен стандард на народот. Поради тоа, овие бројки треба да се користат внимателно и да се земаат предвид само онаму кадешто има смисла.
 
Некои земји или региони имаат богато население, но може да се водат со мал БДП. Ова се должи на тоа што земјата или регионот има малубројно население, а оттаму и мала вкупна економија. БДП се пресметува со множење на бројот на населението со богатството по глава на жител.