Кристофер Колумбо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Ја менувам ur:کولمبس во ur:کرسٹوفر کولمبس
с бришење
Ред 60:
Колумбо патувал и по четврти пат со наводна цел да го пронајде патот до [[Индиски Океан|Индискиот Океан]] преку [[Теснецот Малка|теснецот Малака]].
[[Податотека:Christopher Columbus Face.jpg|thumb|180px|Роден во 1450, Кристофер Колумбо е прикажан во единствениот државно спонзориран потрет, насликан од [[Алехо Фернандез]] помеѓу 1505 и 1536. Фотографијата е направена од историчарот [[Мануел Роса]].]]
== Македонецот во првото патување ==
Македонската имиграција започнала во Америка многу порано од почетокот на [[20 век]]. Според информациите на овие книги македонската имиграција во Америка потекнува од времето на Колумбос. Во американската енциклопедија постои доказ дека првиот Македонец кој имигрирал бил Драган од [[Охрид]], кој пловел заедно со Кристофер Колумбо. Имено, постојат две приказни за тоа. Првата приказна е дека Драган бил религиозен еретик кој избегнал прогон од Македонија кој потоа заминал за [[Шпанија]]. Подоцна бил откриен и бил осуден на смрт. Кристофер Колумбо го спасил Драган од смртната пресуда која требало да се изврши со спалување. Подоцна тој бил регрутиран за првото патување до Америка. Втората приказна тврди дека Драган заедно со својето семејство бил избркан од Охрид кога бил дете, веднаш кога Турците го окупирале градот. Целото семејство се преселило во Шпанија, каде Драган служел војска и станал омилен војник на кралот, и од каде подоцна отпловил заедно со Колумбо. Според оваа приказна, кога Драган се вратил во Европа, оформил своја експедиција и отпловил со својата посада до Венецуела.
 
Кога ги видел жителите како живеат над водата и во мочурливите предели, Венеција ја наименувал како „Венеција на земја”. Потоа тој заминал за Панама, станувајќи првиот бел човек што стапнал на таа почва. Без разлика дали е првата или втората приказна точна, сепак стои како факт дека Драган од Охрид е првиот Македонец што стапнал на американското копно.{{факт}}
 
=== Документи ===
 
Како што претходно беше споменато, Иван Мазов открил три документи од [[15 век]], во кои е споменато дека во првата експедиција на Колумбо имало и еден охриѓанец. Документите всушност претставуваат приватни писма напишани од француската грофица [[Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон]], која била современик на тие настани. Таа била сопруга на чешкиот кастелан [[Витаслав Галас]], со кого во периодот од [[1491]] до [[1509]] година, престојувала на дворот на шпанските владетели Фердинанд и Изабела, т.е. на владетелите кои ги финансирале патувањата на Кристофер Колумбо за Америка. Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон во тоа време се допишувала со својата братучетка од Париз, војвотката О'Конел. Како дворјанка на шпанскиот двор, грофицата Мари-Мадлен на својата братучетка ѝ пишувала за сето она што тогаш се случувало во Шпанија, вклучувајќи го и откривањето на Америка од страна на Колумбо. Во времето кога Иван Мазов го вршел своето истражување, писмата што ги пишувала грофицата Мари-Мадлен биле во сопственост на тогашниот жител на Чехословачка по име Крамарич.
 
Во три свои писма грофицата Мари-Мадлен пишува за некој морнар по име „Драхан да Лихнида”, кој бил член на екипажот на Колумбовиот брод „Пинта”. Всушност тој бил топџија на бродот. За прв пат грофицата го споменува „Драхан” во своето писмо од [[25 април]] [[1493]] година. Во ова писмо таа најпрво пишува за почестите и за одликувањата што ги примил Колумбо (во писмото наречен Кристобал Колон, според шпанската варијанта на неговото име) за време на својот прием кај шпанските крал и кралица. Притоа Мари-Мадлен пишува:
„''Кралот и кралицата во Кала Анка го примија Кристобал Колон, кој се врати по 224-дневното најсмело пловење во историјата на човештвото и го засипаа со почести затоа што Кристобал Колон убедливо и сликовито го опиша и оцени своето големо пловење''”.
Во продолжение таа пишува дека Колумбо бил удостоен со титулата „[[Адмирал]] и [[вицекрал]] на новооткриените земји”. Потоа грофицата пишува дека таа и нејзиниот сопруг лично се запознале со Кристофер Колумбо во дворецот д'Акоста. Во врска со ова таа пишува:
„''Сите ние се распрашувавме за походот, за непознатите земји, а потоа и за морнарите што биле оставени во ла Испањола'' (Америка)”.
Во своето писмо од [[23 април]] [[1493]] година грофицата Мари-Мадлен пишува дека за време на нејзината средба со Кристофер Колумбо и со дел од членовите на неговиот екипаж, еден од присутните гости на шпанскиот двор го обвинил Колумбо поради тоа што оставил четириесетина свои морнари сами во туѓата земја (Америка). Дворјанинот го прашал Колумбо како можел да остави „''грст бели луѓе во туѓа непозната земја''”. На ова еден од офицерите на Колумбо по име Хуан де ла Коса му одговорил на загрижениот дворјанин : „''Вие заборавате дека за Индијанците белите луѓе што ги оставивме претставуваат синови на небото, затоа што ние им покажавме дека можеме да владееме со громот и со огнот''.”
Поддршка на Колумбо дал и еден од кормиларите на неговата експедиција, кој рекол: „Адмиралот (Колумбо) го вооружи логорот со топови од 'Санта Марија' и го остави за нив да се грижи мојот морнар Драхан да Лихнида, еретик, албигоец, кој во Саламанка ќе беше изгорен на клада, ако не беше спасен од Колон (Колумбо). Самиот капетан Мартин Алфонсо го ценеше многу...”{{факт}} Драган од Охрид? Стварно? -.-
 
=== Драган и Богомилите ===
Што може да се заклучи од овој извадок од писмото на грофицата Мари-Мадлен, т.е. од податоците што таа ги пренесува како сведок на тие судбоносни настани? Како прво, видовме дека еден од морнарите на Кристофер Колумбо се викал „Драхан да Лихнида”. Повеќе од јасно е дека станува збор за „Драган од Охрид”. Позната е практиката во шпанскиот јазик согласката „г” да се заменува со „х”. Значи, нема сомнение дека станува збор за македонското и општословенско име Драган. Понатаму, предлогот „да” значи „од”. Тогаш презимиња во денешна смисла на зборот не постоеле, туку за попрецизно детерминирање на личностите служело местото на нивното потекло, кое се додавало по личното име.{{факт}}
Конечно, „Лихнида” е стариот назив за Охрид, и град со такво име не постоел на друго место.
Понатаму, видовме дека Драган бил опишан како „еретик”, кој за малку ќе бил изгорен на клада во Шпанија, доколку не бил спасен лично од страна на Кристофер Колумбо кој го зел во својата експедиција. Тешко е да се претпостави каков вид „еретик” бил Драган. Дали тој бил прогонуван поради својата можна православна вероисповед? Дали можеби бил еден вид наследник на богомилите? Тоа допрва треба да се истражува.
 
=== Жител на првата населба во Америка ===
Претходно споменавме дека по својот прв престој на тлото на Америка, Кристофер Колумбо се вратил во Шпанија, оставајќи зад себе четириесетина свои морнари во логорот (утврдување) што го нарекол Ла Навидад. Практично тоа била првата европска населба на тлото на Америка. На обвинувањата против Колумбо за овој негов потег, упатени од страна на еден дворјанин од Шпанскиот двор видовме дека кормиларот на Колумбо застанал во негова одбрана при што рекол дека нема причина за страв затоа што логорот е обезбеден со топовите од бродот „Санта Марија” и дека за нив се грижи Драган од Лихнида. Ова значи дека жител на првата организирана европска населба во Америка бил и Македонецот Драган од Охрид. И не само тоа. Видовме дека тој бил главен во одбраната на оваа мала населба, т.е. сликовито кажано тој бил првиот човек на вооружените сили на првата европска населба во Америка. Ова значи и дека Драган бил човек од доверба на Колумбо, што е и разбирливо ако се знае дека Колумбо своевремено му го спасил животот. Од изјавата на кормиларот се гледа и дека Драган бил почитуван и од преостанатите морнари на експедицијата на Колумбо. Поради фактот што негова задача било да се грижи за одбраната на логорот со помош на топовите, може да се заклучи и дека Драган всушност бил топџија на бродот „Пинта”.{{факт}}
Претходно напишавме дека откако повторно дошол во Америка во 1493 година, Колумбо ги побарал своите морнари што ги оставил во логорот Ла Навидад. Но, таму не нашол никого, а логорот бил целосно уништен од Индијанците.
Што се случило со морнарите што таму ги оставил Колумбо? Низ Интернет и низ други извори барав податоци за судбината на морнарите од логорот Ла Навидад. Сите автори на оние трудови што ги прегледав пишуваат дека сите морнари од овој логор (утврдување) загинале во борбата против Индијанците. Но, ниту еден од авторите не пишува од каде ги има добиено овие податоци, па веројатно авторите само претпоставуваат дека морнарите загинале, штом Колумбо не успеал да сретне ниту еден од нив за време на своето враќање во Ла Навидад.
Меѓутоа, грофицата Мари-Мадлен и овојпат нуди податоци кои драстично можат да ја променат досега познатата историја за Кристофер Колумбо. Таа тврди дека двајца морнари го преживеале нападот на Индијанците и дека еден од нив бил токму Драган од Лихнида. Сето ова таа го напишала во своето писмо од [[20 август]] [[1496]] година. Таа таму објаснува дека самата добила писмо од член на втората експедиција на Колумбо, опатот Лос Касос. Овој опат ѝ напишал на грофицата Мари-Мадлен дека тој лично разговарал со Индијанецот Каонабо, кој бил предводник на индијанскиот напад врз логорот Ла Навидад, а подоцна бил заробен од членовите на втората експедиција на Колумбо и бил доведен во Шпанија.
Во Шпанија заробениот индијански водач Каонабо потврдил дека во жестоката битка за логорот, најголем дел од морнарите биле убиени, но дека двајца од нив се спасиле. На прашањето кои биле тие двајца, Индијанецот рекол дека едниот се викал Диего (всушност тоа бил лекарот Диего), а другиот го опишал со името „Големиот Аран”. Притоа рекол дека „Големиот Аран” имал „златна брада” и дека бил „господар” на „громот и молњата” со кои убил многу Индијанци. Од описот што го дал Индијанецот, на сите им станало јасно дека тоа бил токму Драган од Лихнида. Имено, токму тој одлично ракувал со огненото оружје (топовите), што се поклопува со зборовите на суеверниот Индијанец дека „Големиот Аран” бил „господар” на громот и на молњата.
Индијанецот раскажувал и дека „Големиот Аран” (Драган) успеал да ликвидира повеќе Индијанци за време на нападот на логорот. Индијанецот уште раскажал дека Индијанците го сметале Драган за натприродно суштество, затоа што (цитат): „слегол од небото ... и ги потчинил под себе богот на молњата и на громот” (мислејќи на огненото оружје со кое дејствувал по Индијанците).
Значи, од ова писмо на грофицата гледаме дека Драган бил висок човек (поради што го добил прекарот „големиот”) и дека имал руса брада (од Индијанецот опишана како „златна брада”).
 
 
 
Што се случило со Драган и со неговиот другар лекарот Диего по нападот на Индијанците и по нивното бегство од уништениот логор Ла Навидад? Звучи неверојатно, но грофицата успеала да дознае уште еден податок за нив, што го пишува во едно свое подоцнежно писмо, испратено од Кастилија.
Во ова писмо таа ја пренесува изјавата на капетан Хуан Мартис, кој исто така престојувал во Америка и кој подоцна се вратил во Шпанија. Пред Судот во Шпанија овој капетан се заколнал дека сретнал двајца белци со свои жени и деца, од кои едниот се викал Диего, а другиот го викале „Големиот Аран”. Тој нив ги видел во близината на денешна [[Богота]], [[Колумбија]]. Поради фактот што капетан Мартис ја споменува територијата на денешна Колумбија, може да се претпостави дека Мартис престојувал во Америка за време на третото патување на Колумбо во [[1498]] година. Тоа значи дека Драган од Охрид, не само што бил жив цели шест години по своето пристигнување во Америка, туку и дека веќе имал оформено свое семејство.
Останува во доменот на следните истражувања да се види дали и денес постојат индијански легенди во средна и во јужна Америка за „Големиот Аран”, кој бил господар „на громот и на молњата”.
Како и да е, нема сомнение дека Драган од Охрид имал голем авантуристички дух во себе. Интересно е и тоа што во списоците на морнарите што учествувале во експедицијата на Колумбо, направени подоцна од современи истражувачи врз основа на посредни сознанија (архивски истражувања и сл.) го нема името на „Драхан да Лихнида”, иако малку кој верува дека списокот на морнарите презентиран во разни истражувачки трудови е целосно автентичен (факт е дека од тоа време не постои целосен список на членовите на првата експедиција на Колумбо, иако постојат зачувани негови писма).
Што се однесува до останатите членови на екипажот, спомнати во писмата на грофицата Мари-Мадлен, нивните имиња постојат во сите досега направени списоци на членови на екипажите на Колумбовите бродови.
 
== Извори ==
* „Колекција на информации за историјата и културата на Македонија” - [[Џејмс Николоф]]
* „Прошетка низ историјата” - [[Роберт Каплан]]
* „Јужно-словенска имиграција во Америка” - [[Џорџ Прпик]]
 
== Наводи ==