Ставре Гогов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
 
== Биографија ==
Ставре Матеев Гогов е роден во струшкото село [[Вевчани]] во [[1884]] година. Нема образование. По занимање бил ѕидар. Работи на [[Косово]] - Ѓаковица и на други места. Околу [[1898]] година извршува убиство во Вевчани и е гонет од турските власти. Се одметнал и од [[1900]] година е четник на [[ВМОРО]] <ref>Матов, Милан. За премълчаното в историята на ВМРО, София 2007, с. 53-54</ref>. Од [[1901]] година е во четата на прилепскиот војвода [[Тале Горанов Бојаџиев]], првата револуционерна чета која влегла во [[Струга]]. Ставре Гогов учествува и во [[Илинденско востание|Илинденското востание]], во четата на охридскиот војвода [[Лука Групчев]]<ref>Николов, Борис Й. “Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник”, С. 2001, с. 35</ref>. Од летото, [[1904]] година, по убиството на Јаким Алулов, е војвода на струшката чета на ВМОРО. Во [[1906]] година е ранет од четник поткупен од српската пропаганда. Во април [[1907]] година, Ставре престојува во куќата на вујко си Трпе Шекутков во родното село [[Вевчани]]. Турците дознаваат за ова и редовна војска заедно со [[башибозук]] од соседните села [[Октиси]], [[Лабуништа]] и [[Подгорци]] ја опколува куќата. Ставре Гогов заедно со домаќините издржува над 20 часа во нерамната битка, додека неговата свршеница Кота Христова успева да ја помине опсадата и им носи бомби и патрони. По завршувањето на куршумите, Ставре Гогов се самоубива. Со него загинуваат и Трпе Шекутков и брат му Кузман Шекутков. Снаата Андрица и трите внуци на Кузман Шекутков са ранети. Од нападот на аскерот и башибозукот загинуваат 27 души. Турците ќе ја запалат куќата. По убиството на Ставре Гогов, неговата свршеница Кота Христова го убива предавникот и се вклучува во една од четите на [[ВМОРО]]. На влезот на возобновената спомен-куќа денес стои натписот:
{{Цитатник|''Во април 1907 година на ова место во нерамна борба со многуброен турски аскер херојски загина Војводата Ставре Гогов''}}
 
== Наводи ==