Смртта на Иван Илич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 28:
 
== Содржина ==
* Новелата започнува со смртта на Иван Илич, а потоа се навраќа на неговиот живот – ретроспективно.
 
Уште на почетокот, во судот каде работел, стигнува известувањето за неговата смрт.
Ред 34:
{{quote|''„Иван Илич им беше другар на насобраните господа и сите го сакаа. Боледуваше веќе неколку недели: зборуваа дека болеста му е неизлечива. Остануваше неговото место, но имаше мислење дека во случај да умре на неговото место може да биде назначен Алексеев, а на местото на Алексеев – Виников или Штебељ. Така што кога слушнаа за смртта на Иван Илич, првата мисла на секој од господата, собрани во кабинетот, беше за тоа какво значење може да има таа смрт за преместувањето или напредувањето на самите нив или на нивните познати.“''|извадок од делото}}
 
* И уште поиронично и пожестоко Толстој продолжува:
 
{{quote|''„Освен комбинациите што ги предизвика таа смрт... самиот факт на смртта на близок познат предизвика кај сите што разбраа за неа, како секогаш, чувство на радост затоа што умрел тој, а не јас.“''|извадок од делото}}
 
* На оваа мисла Толстој ќе се наврати и подоцна во новелата преку филозофирањето на Иван Илич за Кај во моментите кога смртта нему му се приближува и кога сфаќа дека веќе не е некој ТОЈ туку дека смртта е ЈАС:
 
{{quote|''„Силогизмот што го учеше во логиката на Кизеветер: „Кај е човек, луѓето се смртни, според тоа Кај е смртен“, му се чинеше правилен целиот негов живот само во однос на Кај, но никако не и во однос на самиот него. Тоа беше Кај – човек, воопшто човек, и тоа беше сосема точно; но тој беше не Кај и не воопшто човек, а беше секогаш, сосема, сосема посебно суштество од сите други: тој беше Вања, со мама, со тато, со Митја и со Володја, со играчките, кочиџијата, со дадилката...“''|извадок од делото}}
 
* Во куќата на Иван Илич каде се собираат пријателите да изразат сочувство и да го испратат покојникот, дејствието го води Петар Иванович, школски другар на Иван Илич. Иако го познавал од дете, тој не оди со желба, туку зашто е обврзан – зашто така налагаат моралните норми. Во куќата ги гледа насобраните кои воопшто не тагуваат по Ивана, туку разговараат за други работи и се договараат за играње карти. И најблиската на Иван Илич, неговата сопруга, само глуми тага заради присуството на другите, а всушност гледа и во тие моменти да се здобие со некаква корист за себе, односно поголема пензија од мажот. Откако завршува пеењето на мртовецот, Петар Иванович се упатува да игра карти, зашто е сè уште рано за спиење.
 
* Од втората глава па до крајот, Толстој се навраќа на животот на Иван Илич. Тој бил син на чиновник, кој имал уште двајца браќа, едниот успешен, а другиот не. Всушност Иван бил гордост на семејството, пријатен, паметен, добар, кој со леснотија учел а потоа напредувал во кариерата. Кога дошло време се оженил не размислувајќи туку само прифаќајќи го одобрувањето на околината. Неговата сопруга Прасковја Фјодоровна на почетокот била мила, убавка и сосем пристојна жена. На почетокот и бракот бил пријатен, со сопружничките нежности, новиот мебел, садови, облеки – сè до забременувањето на жената. Тогаш таа сосема се изменила, почнала да покажува љубомора, да бара од него да и угодува, и да прави жестоки сцени ако тој не ги изврши барањата. По раѓањето на детето тој одбива да учествува во случките од семејниот живот и сè повеќе и се посветува на службата. Од семејниот живот почнува да ги бара само домашното јадење, чистата постела и надворешната пристојност.

Им се раѓаат повеќе деца, но само две, машко и женско остануваат живи. Тие добро напредувале со учењето, и сè било во ред со животот на Иван Илич. По 17 години мирен и спокоен живот на село, една година се издвојува како најтешка за Иван. Не го добил местото кое го посакувал во универзитетскиот град. Се расправал и карал, па затоа кога дошло и следното напредување, него го прескокнале. Бидејќи за животот што го воделе парите не им стасувале, тој решил да земе отсуство, да замине кај шурата на село и да реши што да прави понатаму. Таму одлучува да замине за Петербург , да бара служба за повисока плата по секоја цена, и да премине во друго министрество како казна за колегите кои не знаеле да ја ценат неговата вредност. Но, се случил неочекуван пресврт и тој ја добива посакуваната плата, две места повисоко, во Петербург и останува во министерството за правосудство. Задоволен, и тој и жена му, почнуваат да живеат посреќно, се зближуваат повеќе, но сепак кога било време да оди во градот и да го среди новиот стан, тој оди сам (без жена му). Како и да е, уредувањето и купувањето му претставува огромно задоволство. Постојано им се мешал на уредувачите, самиот го подместувал мебелот, ги закачувал завесите. Од среќа и задоволство се чувствувал 15 години подмладено. И во таква еуфорија, еднаш се качил на скалата за да му покаже на тапетарот како сака да се драпира, се лизнал и паднал, но се задржал, а само со колкот удрил во кваката на прозорецот. Удреното го заболело, а потоа му поминало. Овој незначаен удар подоцна ќе биде центарот на неговите болки и почеток на смртта. Но, во тој момент бил сосема безначаен.
 
Наредните недели животот на Иван течел совршено и на работа и дома. Дома им доаѓале гости и сè било фино додека повторно не настанала кавга со жена му за пари. Сепак, приемот бил пријатен, а Иван задоволен и од општествените и од службените радости, а посебно од играњето карти со добри играчи.
Наредните недели животот на Иван течел совршено и на работа и дома. Дома им доаѓале гости и сè било фино додека повторно не настанала кавга со жена му за пари. Сепак, приемот бил пријатен, а Иван задоволен и од општествените и од службените радости, а посебно од играњето карти со добри играчи. („Службените радости беа радости на самољубие, општествените радости беа радости на суета, а вистинските радости на Иван Илич беа радостите на играње винт“).
 
* Животот продолжува, сите во семејството биле здрави, само понекогаш на Иван Илич му се зголемувала болката кај удреното... и од ден на ден сè повеќе. Почнале да доаѓаат доктори, разни специјалисти и никој не знаел што му е и дали ќе оздрави. А Иван Илич се топел и полека почнал да умира.
 
Животот продолжува, сите во семејството биле здрави, само понекогаш на Иван Илич му се зголемувала болката кај удреното... и од ден на ден сè повеќе. Почнале да доаѓаат доктори, разни специјалисти и никој не знаел што му е и дали ќе оздрави. А Иван Илич се топел и полека почнал да умира.
Кога сфаќа дека болеста го опфаќа целосно и дека нема спас од смртта, тој почнува да си поставува многу животни прашања, почнува да ги гледа работите од друг агол – на свршено дејствие, каде нема поправка, ниту враќање.
Се разочарува од блиските, особено од сопругата, за која сфаќа дека во минатото била задоволна само кога тој носел пари, сфаќа дека немало љубов меѓу нив, ниту страст, дека се оженил со неа само заради одобрувањето на другите, а не затоа што ја сакал. Се разочарува и од децата, бидејќи на некој начин се исти како неа, не им е ни најмалку жал за него, не сочувствуваат и иако тој умира, тие се грижат само за себе и како ќе си ја поминат вечерта. Го гледа лицемерието на пријателите и колегите, знае дека тие едвај чекаат да умре за да го зафатат неговото место. И, всушност останува сам – сосема сам соочен со смртта.
Ред 54 ⟶ 57:
{{quote|''„Сеедно е, - си велеше, гледајќи со отворени очи во темнината. – Смрт. Да, смрт. И никој од нив не знае и не сака да знае и не жали. Тие свират. Ним им е сеедно, а и тие ќе умрат. Глупаци. Јас порано, а тие подоцна; и со нив ќе се случи ова. А тие се радуваат. Добиток.“''|извадок од делото}}
 
* Во дијалог со себеси Иван Илич повеќепати ќе си го преиспита сопствениот живот:
 
{{quote|''„ – Како живееше порано, убаво и пријатно? – праша гласот. И тој почна во свеста да си ги реди најубавите мигови од пријатниот живот. Но, чудно – сите тие најубави мигови од пријатниот живот сега сосем не му се чинеа такви, какви што му се чинеле тогаш. Сите, освен првите спомени од детството. Таму, во детството имаше нешто навистина пријатно, со што би можело да се живее, кога би се вратило. Но човекот што ја чувствувал таа пријатност, веќе го немаше: таа како да беше спомен за некој друг. Штом почнуваше тоа, чиј резултат беше сегашниот тој, Иван Илич, сè што изгледаше тогаш радост, сега пред очите му се топеше и се претвораше во нешто ништожно и често гадно. И колку подалеку од детството, колку поблиску до сегашноста, толку поништожни и посомнителни беа радостите. Тоа почнуваше од Правното училиште. Таму имаше уште по нешто навистина убаво: таму имаше веселост, другарство, надежи. Но во погорните класови тие убави мигови беа поретки. Потоа во време на првата служба кај губернаторот, пак се појавија убави моменти: тоа беа спомени за љубов кон жена. Потоа сè се измеша и уште помалку остана убаво. Понатаму уште помалку убаво, и колку подалеку сè помалку. Женачката... толку неочекувано, и разочарување, и лоша миризба во устата на жената и чувственост и преправање! И таа убиствена служба и грижи за пари и така година, две, десет, дваесет и сè тоа па тоа. И колку понатаму, сè поубиствено. Како рамномерно да слегував од планина, замислувајќи дека се качувам на планина. Така и беше. Во општественото мислење јас се качував на планина и точно за толку од под мене заминуваше животот... И еве, готово е, умирам!“''|извадок од делото}}
Штом почнуваше тоа, чиј резултат беше сегашниот тој, Иван Илич, сè што изгледаше тогаш радост, сега пред очите му се топеше и се претвораше во нешто ништожно и често гадно.
И колку подалеку од детството, колку поблиску до сегашноста, толку поништожни и посомнителни беа радостите. Тоа почнуваше од Правното училиште. Таму имаше уште по нешто навистина убаво: таму имаше веселост, другарство, надежи. Но во погорните класови тие убави мигови беа поретки. Потоа во време на првата служба кај губернаторот, пак се појавија убави моменти: тоа беа спомени за љубов кон жена. Потоа сè се измеша и уште помалку остана убаво. Понатаму уште помалку убаво, и колку подалеку сè помалку.
Женачката... толку неочекувано, и разочарување, и лоша миризба во устата на жената и чувственост и преправање! И таа убиствена служба и грижи за пари и така година, две, десет, дваесет и сè тоа па тоа. И колку понатаму, сè поубиствено. Како рамномерно да слегував од планина, замислувајќи дека се качувам на планина. Така и беше. Во општественото мислење јас се качував на планина и точно за толку од под мене заминуваше животот... И еве, готово е, умирам!“''|извадок од делото}}
 
* И – за неговиот ништожен живот никој не жали – па дури ни самиот тој!
Пред крајот на животот единствена радост му причинува полниот со живот, прост и едноставен слуга Герасим. Го задржува во негова близина и без причина, само да му се насладува од животната радост што тој ја шири. Единствено кај него го нема лицемерието, преправањето, очекувањето за наследство или работно место.
Сосема на крајот е опишано доаѓањето на смртта и конечноста, простувањето со блиските, со синот за кој му се здожалува, а и за сите други – да не ги мачи повеќе со своето постоење:
 
{{quote|''„Тој го бараше својот поранешен вообичаен страв од смртта и не го наоѓаше. Каде е таа? Каква смрт? Немаше никаков страв, затоа што и смртта ја немаше. Наместо смртта имаше светлина. - Ете! – наеднаш проговори гласно. – Каква радост! За него сето тоа стана во миг, и значењето на тој миг веќе не се менуваше. За присутните неговата агонија траеше уште два часа. Во градите му клокотеше нешто: неговото измачено тело потреперуваше. Потоа клокотењето и грчењето стана поретко. - Свршено е! – рече некој над него. Тој го чу зборот и си го повтори во душата. „Свршена е смртта – си рече. – Ја нема веќе.“ Вовлече воздух во себе, запре на половина на воздивнувањето, се протегна и умре.“''|извадок од делото}}
Наместо смртта имаше светлина.
- Ете! – наеднаш проговори гласно. – Каква радост!
За него сето тоа стана во миг, и значењето на тој миг веќе не се менуваше. За присутните неговата агонија траеше уште два часа. Во градите му клокотеше нешто: неговото измачено тело потреперуваше. Потоа клокотењето и грчењето стана поретко.
- Свршено е! – рече некој над него.
Тој го чу зборот и си го повтори во душата. „Свршена е смртта – си рече. – Ја нема веќе.“
Вовлече воздух во себе, запре на половина на воздивнувањето, се протегна и умре.“''|извадок од делото}}
 
{{Лав Толстој}}