Химна на Русија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава vep:Venäman gimn
сНема опис на уредувањето
Ред 25:
Пред „Молитва на Русите“ (рус. ''Молитва русских'') да биде избрана за национална химна на [[Царска Русија]], разни црковни химни и воени маршеви биле користени за претставување на земјата и на [[цар]]от. „Молитва на Русите“ била донесена околу [[1815]] и била напишана од Василиј Жуковски за да може да се пее на музиката од британската химна, „[[Боже чувај ја кралицата|Боже чувај го кралот]]“ ([[англиски]]: God Save the King).
 
Во [[1833]], Жуковски требало да напише текст за музичка композиција од Алексеј Фјодорович Левов наречена Молитвата на Русите. [[Николај I]] убаво ја прифатил песната и ја одбрал, под името „[[Боже, чувај го царотЦарот!]]“ (рус. Боже, Царя храни!), за следна химна. Песната многу звучела како религиозна песна, а стилот бил сличен на оној кај химните на други европски монарси. „Боже, чувај го царот“ била користена до [[Февруарска револуција|Февруарската револуција]], кога паднала руската [[монархија]].
 
По заминувањето на царот и неговото семејство во март [[1917]], „Работничката Марселеза“, изменета верзија од француската химна „[[Марселеза]]“ ([[француски]]: ''La Marseillaise'') од Петар Лавров, била користена како неофицијална химна од привремената влада. Напишана во [[1875]], кратко време била користена како химна. По симнувањето на привремената влада од [[Болшевици|Болшевиците]] во [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] во [[1917]], химната на меѓународниот револуционерен социјализам, [[Интернационала]]та (Л’интернасионал, [[француски]]: L'Internationale), станала новата химна. Од француски на руски ја превел Аркадиј Јаковлевич Коц во [[1902]] и била користена како химна на Болшевичка Русија од [[1918]], а подоцна и на новиот [[СССР|Сојуз на Советските Социјалистички Републики]] од [[1922]] до [[1944]].