Полноќно сонце: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
Нема постојани живеалишта јужно од Антарктикот, што значи бројот на земји и територии чии населенија имаат можност да го доживеат овој феномен е ограничен на оние низ кои минува [[Арктик]]от, како на пример: [[Канада]] ([[Јукон]], [[Северозападни Територии]], [[Нунавут]]), [[Гренланд]], [[Финска]], областа [[Лапонија]], [[Норвешка]], [[Русија]], [[Шведска]], [[С.А.Д.]], [[Алјаска]] и краците на [[Исланд]]. Четвртина од територијата на [[Финска]] се наоѓа северно од [[Арктик]]от, а на најсеверната точка сонцето не заоѓа 73 дена во текот на летото. На [[Шпицбершки Острови|Шпицбершките Острови]], [[Норвешка]], најсеверната населена област во Европа, нема зајдисонце приближно од 19-ти април до 23-ти август. Најекстремни места се половите каде сонцето може да биде видливо и до половина година.
 
Спротивниот феномен, поларната ноќ, се случува во зима кога сонцето останува под [[хоризонтотхоризонт]]от во текот на целиот ден.
 
Затоа што Земјината оска е наведната кон [[еклипсатаеклипса]]та за приближно 23 степени 27 минути, сонцето не заоѓа на големи географски ширини во летно време (локално лето). Времетраењето на полноќното сонце се зголемува од еден ден за време на летната [[рамноденица]] на [[Северен поларен круг|поларниот круг]] до приближно (поради прекршување на светлината) шест месеци на половите. Во екстремните географски ширини вообичаено го нарекуваат '''поларен ден'''. Времетраењето кога сонцето е над хоризонтот се разликува од неколку дена на Арктикот и Антарктикот до 186 дена на [[Географски пол|географските полови]].
 
На самите полови сонцето изгрева и заоѓа само по еднаш годишно. За шесте месеци кога сонцето е над хоризонтот на половите, тоа во текот на денот постојано се движи околу хоризонтот, достигнувајќи го најголемиот круг на небото при летната рамноденица.
Ред 16:
 
== Временски зони и летно сметање на времето ==
За целите на овој напис поимот „полноќно сонце” се однесува на феноменот на 24-часовна сончева светлина северно од Арктикот или јужно од Антарктикот. Но, има некои други случаи кога се споменува „полноќно сонце”, иако тие всушност се поради промената на временски зони и [[Летно сметање на времето|летното сметање на времето]]. На пример во [[Фербенкс]], Алјаска, кој се наоѓа јужно од Арктикот, сонцето заоѓа во 12:47 за време на [[рамноденица|летната рамноденица]]. Ова е поради тоа што Фербенкс е еден час пред неговата вистинска [[временска зона]] (поради промените со цел целата земја да биде во една временска зона) и поради тоа што државата Аљаска користи летно сметање на времето. Ова значи дека до [[соларна кулминација]] доаѓа околу 14:00 часот наместо како што е во повеќето места во 12:00 часот. Обратно, пак, до астрономска полноќ доаѓа во 02:00 часот. Во [[Бетел]], Алjаска, кој се наоѓа јужно од [[Енкориџ (Алјаска)|Енкориџ]], сонцето, за време на летната рамноденица, од истите причини, заоѓа во 12:24 часот. Овие примери не се вистински феномени на поларен ден/полноќно сонце затоа што сонцето е под хоризонтот секој ден од годината во времето на локалната астрономска полноќ.
 
== Бели ноќи ==
Ред 37:
Ова може да предизвика симптоми на хиперкинетичко нарушување (Attention deficit hyperactivity disorder/ADHD), менувајќи го опсегот на внимание кај луѓето, кои мора да брзаат при кратката сончева светлина во ноќта и зголемувајќи ја избувливоста и хиперактивноста при постојана светлина.
 
Исто така, полноќното сонце претставува посебен предизвик за религиозните луѓе како Евреите[[Евреи]]те, чии обичаи се засновани на 24-часовниот деноноќен циклус.
 
== Во филмовите и сериите ==
* Во филмот ''Несоница (Insomnia)'' и неговата американска преработка од 2002 г., главниот лик додека истражува убиство северно од Арктикот (Норвешка во оригиналот и АљаскаАлјаска во преработката) има проблеми со несоница делумно поради полноќното сонце.
* Во епизодата ''Полноќното сонце (The Midnight Sun)'' од серијата ''[[Зона на самракот]] (The Twilight Zone)'' Земјата е на пат да се судри со сонцето предизвикувајќи го ефектот на полноќно сонце.
* Епизодата насловена ''Полноќно сонце'' од серијата ''[[Живот на север]]'' ги истражува последиците од феноменот кај жителите од едно мало село во Алјаска.