Движење: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 217.16.91.181) и вратена ревизијата 813935 на Brest-bot
Ред 7:
Најпрост начин на движење во животинскиот свет е амебовидното. Тоа се врши на тој начин што [[Протоплазма|протоплазматичните]] [[Псевдоподија|псевдоподии]] (лажни ножиња, односно продолжетоци) се испуштаат во еден правец, а потоа целата протоплазма се ,,прелива" во тој дел и така животното се движи. Ова движење се среќава само кај [[амеба]]та и нејзините сродници, додека кај [[Многуклеточен организам|многуклеточните животни]] ова движење е ограничено само на некои [[Клетка|клетки]] од самиот [[организам]], како на пример [[леукоцит]]ите.
 
Многу [[без‘рбетници]] имаат во составот на своето тело цевчеста [[мускул]]атура со чија активност се движат. Така се движи [[Дождовен црв|дождовниот црв]]. Без‘рбетниците со [[егзоскелет]] имаат мускули од внатрешната страна на скелетот[[скелет]]от, односно под него. За главоногите[[главоноги]]те, на пример, карактеристично е што имаат мошне активни [[Скелетен мускул |напречно-пругави мускули]] кои се прицврстени од внатрешната страна на нивниот егзоскелет. Благодарејќи на способноста на напречно-пругавите мускули да вршат брзи [[Контракција|контракции]], [[членконоги]]те можат многу брзо да се движат.Од без‘рбетниците, егзоскелет од [[варовник]] имаат и [[иглокожи]]те, [[мекотели]]те и др. Движењата на овие животни се бавни.
 
[[‘Рбетници]]те се карактеризираат со егзоскелет за кој се прицврстени напречно-пругавите мускули. Врската на телесните мускули со [[Коска|коските]] е мошне цврста и благодарејќи на мускулното движење и испружување можат да се движат одделните делови на скелетот, кои извршуваат некаква работа притоа.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Движење