Бен Невис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
трката Бен Невис
Ред 43:
== Еколошки проблеми ==
Во близина на Бен Невис се наоѓаат неколку [[село|селски населби]]. Еколозите сметаат дека [[човек|човечкиот фактор]] е причината за постепеното уништување на кревкиот [[екосистем]]. [[Екологија|Еколошкото]] здружение John Muir Trust, со помош на општинските власти спроведуваат проект за заштита од изумирање на одредени видови [[флора]] и [[фауна]]. Во 2005 год. била спроведена акција за чистење и пошумување на подножјето од [[планина]]та, која имала добра [[медиум]]ска покриеност, а била иницирана од еден пензиониран социјален работник.
 
== Трката на Бен Невис ==
Трката на брзо искачување до врвот на Бен Невис има долга традиција која започнала уште во 1895 год. Тогаш Вилијам Свон, [[бербер]] од [[Форт Вилијам]], прв пат го измерил времето кое му било потребно да го помине растојанието од старата поштенска станица, па се до самиот врв (2 часа и 41 минута). Следните години многу пати бил подобруван неговото остварување, но првата официјална трка била одржана во 1898 год. од страна на Шкотската аматерска атлетска асоцијација. Тогаш имало само 10 учесници, а победник бил 21-годишниот Хју Кенеди, со време од 2 часа и 41 минута. Првата професионална трка била организирана во 1903 год. истата година кога опсерваторијата престанала со работа.
 
Трката со постојниот формат е од 1937 год. Се одржува во првата [[сабота]] од [[септември]] секоја година, а максималниот број на пријавени не смее да биде поголем од 500. Поради тешкиот терен и исцрпната патека, од натпреварувачите се бара потврда дека претходно учествувале на на најмалку три трки од ваков карактер.<ref>''Патопис за трката околу Бен Невис'' [http://dingerswhw.blogspot.com/2011/09/ben-nevis-race.html]</ref> Патеката е долга 14 [[километри]], а моменталниот рекорд бил поставен во 1984 год. од [[Кени Стјуарт]] со време од 1 час и 25 минути.<ref>''Минатите победници и рекорди'' [http://www.scottishhillracing.co.uk/RaceDetails.aspx?RaceID=RA-0098 www.scottishhillracing.co.uk]</ref>
 
== Галерија ==
<gallery>
Податотека:Sidney Richard Percy Carn Dearg and Ben Nevis from Achintee.jpg|Планински пејсаж
Податотека:View of Glen Nevis from Ben Nevis.jpg|Поглед од Глен Невис
Податотека:War Memorial, Ben Nevis.jpg|Меморијален споменик од Втората светска војна
Податотека:Summit of Ben Nevis - geograph.org.uk - 33671.jpg|Метеоролошката опсерваторија
Податотека:BenNevisGuys.JPG (6166476820).jpg|Слика од посетители
Податотека:Image6 Ben Race 1979.jpg|Трката „Бен Невис“
</gallery>
 
== Наводи ==
{{наводи}}