Хавиер Ернандес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава jv:Javier Hernández Balcázar; козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 50:
Чичарито го направи своето официјално деби на 8 август и веднаш го постигна својот дебитантски погодок во фантастичната победа на Јунајтед во [[2010 ФА Комјунити Шилд|ФА Комјунити Шилд]], против актуелниот шампион на Англија во тој момент [[Челзи ФК|Челзи]] од 3-1. Тој дојде на на почетокот на второто полувреме по пробивот на [[Антонио Валенсија]], Ернандез стрелаше со глава. На 16 август, Хернандез го направи своето деби во [[Премиер лига]]та откако тој го замени [[Вејн Руни]] во 63-тата минута на нивниот натпревар дома со [[ФК Њукасл Јунајтед|Њукасл]] во првото коло што заврши 3-0 за Јунајтед. Тој го постигна својот прв гол и во [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]] набргу потоа, на 29 септември, кога влезе од клупата за да го постигне единствениот гол во победата нагости над [[ФК Валенсија|Валенсија]] од 1-0. Ернандез го постигна својот прв гол за Јунајтед во лигата во 2-2 ремито дома против [[ФК Вест Бромвич Албион|Вест Бромвич Албион]] на 16 октомври. Осум дена подоцна тој запрвпат постигна два гола на еден меч за новиот клуб, воедно, постигнувајќи ги своите први голови во премиерлигата надвор од [[Олд Трафорд]], помагајќи му на [[ФК Манчестер Јунајтед|Јунајтед]] да дојде до 2-1 победа против [[Стоук Сити]].
 
Два дена од овој меч во кој тој беше херој, тој влезе од клупата за да го постигне во победеносниот гол, својот прв гол во [[Лига куп]]от, во победата со 3-2 над [[ФК Вулверхемптон Вондерерс|Вулвс]] со што го испрати својот тим во четврт-финалето каде што потоа биле елиминирани од страна на [[ФК Вест Хем Јунајтед|Вест Хем Јунајтед]]. На 1 јануари 2011 година, тој пак влезе од клупата за да постигне уште еден победоносен погодок, овој пат во лигашкиот меч со Вест Бромвич Албион за гостинска победа од 2-1. Три дена подоцна Ернандез стана најефикасниот мексиканец во историјата на [[Премиер лига|Премиерлигата]], откако го отвори резултатот во победата над [[Стоук Сити]] на 4 јануари со 2-1. На 25 јануари, Ернандез го постигна изедначувачкиот погодок во камбекот на Јунајтед, за кој придонесе и Димитар Бербатов (со два гола) за гостинска победа од 3-2 над [[ФК Блекпул|Блекпул]] со пресврт во второто полувреме. Четири дена подоцна го постигна својот прв гол во [[ФА Куп]]от кога беше прецизен во 2-1 победата над [[ФК Саутемптон|Саутемптон]]. Следен меч во кој популарниот Чичарито се впиша во листата на стрелците беше дуелот со [[ФК Виган Атлетик|Виган]] во кој тој постигна два гола, а [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] победи со 4-0 нагости. Осум дена подоцна, тој постигна гол на [[Енфилд Роуд]] во последните секунди за да го ублажи поразот од лутиот ривал [[ФК Ливерпул|Ливерпул]]. Ернандез беше замешан со два гола во реванш мечот од нокаут фазата во [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]] на домашен терен во победата над [[ФК Олимпик Марсеј|Марсеј]] праќајќи го Јунајтед меѓу осумте најдобри (четврт-финале) во Европа. На 2 април, тој го постигна последниот гол против Вест Хем Јунајтед, кога [[ФК Манчестер Јунајтед|''црвените ѓаволи'']] дојдоа до пресврт од два гола негатива до 4-2 победа на [[Аптон Парк]] што беше голем чекор напред кон рекордната 19-та титула за [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]] во англискиот фудбал. На 8 април, Чичарито беше селектиран како кандидат за наградата [[PFA млад играч на годината]] заедно со соиграчот [[Нани]]. Тој го отвори резултатот и во 2-1 реванш четврт-финале победата над Челзи во [[Лига на Шампиони|Лигата на шампионите]], па бидејќи вкупниот резултат од двата меча беше 3-1 , Ернандез и неговите соиграчи се пласираа во полуфиналето. Тој ја продолжи својата одлична сезона и импресивна форма, со уште еден важен гол на 23 април во победата дома со 1-0 против [[ФК Евертон|Евертон]] во 81-вата минута. И можеби најважниот гол во сезоната за него дојде на 8 мај, кога Ернандез го постигна првиот гол во 2-1 победата дома над Челзи, по само 36 секунди игра тој го отвори резултатот и му го осветли патот на својот тим кон освојувањето на титулата. Голот против Челзи го направи првиот играч по [[Руд ванВан Нистелрој]] во сезоната 2001-2002 (тогаш тој заврши со 34), успеал да постигне 20 гола за клубот во неговата дебитантска сезона. Ернандез за својата фантастична деби сезона во Манчестер Јунајтед ја доби наградата [[Сер Мат Базби играч на годината]] на 18 мај која беше изгласана од страна на навивачите.
 
На 5 јули 2011 година, Ернандез беше избран за "Светски Голгетер 2011", со 13 гола, пред други играчи како што се [[Кристијано Роналдо]], [[Џузепе Роси]] и [[Лионел Меси]].