Шагринска кожа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 39:
[[Податотека:Peau de chagrin sanskrit.jpg|мини|десно|180п|[[Арапски јазик|Арапски]] натпис кој се наоѓа на шагренот и кажува дека споственикот ќе ги „поседува сите нешта“.<ref>The full translation is as follows: «Possessing me thou shalt possess all things. / But thy life is mine, for God has so willed it. / Wish, and thy wishes shall be fulfilled; / but measure thy desires, according / to the life that is in thee. / This is thy life, / with each wish I must shrink / even as thy own days. / Wilt thou have me? Take me. / God will hearken unto thee. / So be it!» Balzac, стр. 30. («Amen» may be a more accurate translation of the final line.)</ref>]]
 
„Амајлија“ започнува со заплетот од „Последниот Наполеон“: младо момче по име Рафаел де Валентин ги вложува своите последни пари и по нивното губење решава да си го одземе животот, фрлајќи се во реката Сена. Но по патот, решава да влезе во една несекојдневна продавница исполнета со интересни работи од целиот свет. Продавачот, постар човек, му покажува парче шагринска кожа закачена на ѕидот. Старецот кажува дека на кожата има „ориенталски“ натпис, за кој старецот вели дека е „[[санскрит]]“, но всушност е [[Арапски јазик|арапски]].<ref>Todd, Jane Marie. «Balzac’s Shaggy Dog Story». ''Comparative Literature''. 44.3 (Summer 1992): 268—279.</ref> Старецот тврди дека кожата ја исполнува секоја желба на нејзиниот сопственик, намалувајќи се со секое исполнување. Рафаел не слушајќи го предупредувањето на старецот веднаш ја зема кожата и посакува да се најде на кралски [[банкет]] исполнет со вино, жени и пријатели. Во истотистиот момент неколку негови познаници и пријатели го повикуваат на ваква забава. Тие поминуваат часови во јадење, пиење и зборување.
 
Втората глава, „Бездушна жена“, е раскажана како еден вид на [[ретроспектива]] од гледна точка на Рафаел. Тој на својот пријател Емил почнува да му ги раскажува своите денови како студент, живеејќи во сиромаштија со постара стопанка и нејзината ќерка Полина, залудно обидувајќи се да го освои срцето на прекрасната но ужасна жена по име Фоедора. Патем бил подучуван од постар човек по име Растињак, кој го охрабрувал да се потопи во светот на високото друштво. Користејќи ја љубезноста на неговите стопанки, Валентин успева да се пробие во кругот на пријатели на Фоедора. Не можејќи да го освои нејзиното срце, се претвора во мизерениот и разочаран човек најден на почетокот на „Амајлија“.курва
 
Дејството во „Умирање“ се случува неколку години по случувањата во првата и втората глава. Валентин користејќи ја својата амајлија се здобил со големо богатство, но на кожата како и на неговиот живот им се ближи крајот. Целата ситуација предизвикува тој да почне да паничи, уплашен од самата помисла дека следната желба ќе му донесе смрт. Тој го организира својот дом со цел да избегне да посака нешто: неговиот слуга, Џонатан, подготвува храна, облека и посетители секогаш кога е потребно. Некои работи надовор од неговата моќ го тераат да посака уште желби а со тоа кожата станува речиси невидлива. Очаен, болниот Рафаел бара начин повторно да ја зголеми кожата, и оди во топла бања со надеж дека ќе си ја поврати моќноста.