Разлика помеѓу преработките на „Костур“

Одземени 52 бајти ,  пред 7 години
с
поправка на правопис
(Одбиени последните 2 промени во текстот (од Macedonian7) и вратена ревизијата 2756235 на MacedonianBoy)
с (поправка на правопис)
 
Главна статија: [[Човечки скелет]]
 
Човечкиот скелет се состои од соединети и поединечни коски подржани и дополнети од лигаменти, тетиви, мускули и 'рскавица. Тој служи како скеле кој ги подржува органите, како место за прикачување на мускулите и ги штити органите како мозокот, белите дробови и срцето. Иако забите не се изградени од ткиво кое е вообичаено за повеќето коски, тие се сметаат за коски и се дел од скелетниот систем. Најголемата коска е бутната коска во горниот дел на ногата, а најмалата е чеканчето од средното уво. Кај возрасните, скелетот изнесува 14% од вкупната телесна тежина, додека половина од оваа тежина е од водата. Черепот и карлицата имаат неподвижни коски. Не сите коски се директно меѓусебно поврзани, трите ковчиња од средното уво се врзуваат единствено едно со друго. Подјазичната коска се наоѓа во вратот и служи за прицврстување на јазикот, не е поврзана со која било друга коска во телото и е подржана од мускули и лигаменти.
Човечкиот скелет е составен од 206 коски, овој број е променлив во зависност од поединецот и возраста – новороденчињата имаат околу 270 коски од кои дел подоцна се спојуваат. Овие коски се организирани во надолжна оска, Осков скелет, за кој е поврзан скелетот на екстремитетите. На човечкиот скелет му се потребни 20 години за целосно да се развие. Кај голем број на животни коските имаат срж која создава крвни зрнца. Голем дел од човековиот скелет го задржал античкиот сегментен модел присутен кај сите 'рбетници (цицачи, птици,пиби риби, влекачи и водоземци) со повторување на основните одлики. Овој сегментен модел е особено видлив кај 'рбетниот столб и градниот кош.
 
 
 
 
== Коски и 'рскавица ==
'Рскавицата е составена од специјализирани клетки наречени хондроцити кои произведуваат големи количини на екстрацелуларна матрица составена од тип II колаген ( освен влакнестата 'Рскавица која содржи тип I колаген) влакна, меѓуклеточна матрица богата со протеогликани и еластин влакна. Има три типа на 'рскавица: хијалинска, еластична и влакнеста 'рскавица кои се разликуваат во однос на количеството на овие три главни компоненти. За разлика од другите сврзни ткива 'рскавицата не содржи крвни садови. Хондроцитите се снабдуваат по пат на дифузија, со испумпување создадено со помош на компресија на мрежастата 'рскавица или со флексија на еластичната 'рскавица. Затоа, за разлика од другите сврзни ткива, 'рскавицата расте и заздравува побавно.
 
=== Видете иПоврзано ===
* [[Хондроцити]]
 
* [[Ендохондрално окоскување (осификација)]]
[[Народен лекар ( што мести коски)]]
* [[Интрамемранозно окоскување (осификација)]]
[[Хондроцити]]
* [[Остеобласти]]
[[Ендохондрално окоскување (осификација)]]
* [[Остеометриски точки]]
[[Интрамемранозно окоскување (осификација)]]
[[Остеобласти]]
[[Остеометриски точки]]
 
[[Категорија:Локомоторен систем]]