Америка (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 134:
Се претпоставува дека ова дело е инспирирано од мемоарите на поранешниот американски претседател [[Бенџамин Френклин]]. [[Кафка]] толку бил приврзан за тие записи, што имал навика некои пасуси да ги чита на глас. Дејството во романот „'''Америка'''“ е можеби одраз на неговата голема желба за патување, но во реалноста, најдалечните дестинации кои ги посетил Кафка биле [[Франција]] и северна [[Италија]]. Во времето кога го пишувал ова дело, писателот бил под импресија од новелите на [[Чарлс Дикенс]], за што тој забележал: {{quote|''Мојата намера беше, како што сега гледам, да напишан роман по урнек на оние од Чарлс Дикенс, чиј лајт-мотив ќе бидат суровата реалност на модерното општество и во помал дел неверојатните настани, плод на мојата бујна фантазија.''|}}
За разлика од претходните негови дела, овој [[роман]] на [[Кафка]] се карактеризира со пореалистични настани и благ [[хумор]]. Сепак, ги задржал темите поврзани со критика кон [[бирократија]]та и нефункционалноста на таквото [[општество]]. Главниот лик често се наоѓал во бизарни и невообичаени ситуации. Специфично за ова дело е тоа што протагонистот Карл Росман и покрај очигледната своја невиност морал да се помири со неразумните одлуки на своите претпоставени. Во првата глава од приказната, [[Статуа на Слободата|Кипот на Слободата]] е прикажан со меч во исправената рака, алузија на синтагмата ''моќта е над правдата'', основен мотив на целата библиографија од [[Франц Кафка]].
 
Иако [[Франц Кафка]] временски творел во ерата на [[реализам|реализмот]], многумина книжевници го сметаат за предвесник на [[модернизам|модернизмот]]. Во овој [[роман]], можеби не до тој степен како во неговите претходни два, забележително е присуството на [[експресионизам|експресионистички]] и [[надреализам|надреалистички]] елементи. Како што изјавил и самиот [[Габриел Гарсија Маркес]], делата „[[Преобразба]]“ и „[[Америка]]“ му дале верба и поттик дека неговиот стил на пишување би можел да биде прифатен од пошироката публика.
 
Можеби најконцизна изјава во врска со значењето на [[роман]]от „'''Америка'''“ дал [[Курт Тухолски]], [[германски]] новинар и современик на [[Кафка]]: