Америка (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредувањето 2794529 на уредникот Вик Ретлхед (разговор)
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
| followed_by =
}}
[[Податотека:Kafka Amerika 1927.jpg|мини|десно|Корица на првото англиско издание]]
[[Податотека:B07117E07BE813449C88351EC7478B10.jpg|мини|десно|Корица на новото издание]]
'''''Америка''''' (на [[германски]]: ''Der Verschollene'') е третиот и последен [[роман]] објавен од [[Франц Кафка]]. Публикуван е постхумно, во 1927 год. со посредство на неговиот пријател [[Макс Брод]]. Оригиналното име на романот било '''''Исчезнатиот''''', но по сугестија на Брод, издавачите го издале романот под насловот '''''Америка'''''. Дејството во [[роман]]от е базирано врз расказот „[[Огнарот]]“ (објавен 1913), во кој се обработува животот на главниот јунак Карл Росман по неговото пристигнување во [[Америка]]. Се претпоставува дека прецизно доловениот живот на европските доселеници во [[Америка]] се всушност искуствата на неговите блиски роднини кои емигрирале во таа земја.
 
Ред 31 ⟶ 29:
 
== Содржина по глави ==
[[Податотека:Kafka Amerika 1927.jpg|мини|десно|Корица на првото англиско издание]]
[[Податотека:B07117E07BE813449C88351EC7478B10.jpg|мини|десно|Корица на новото издание]]
==== Ложачот ====
Карл Росман е 16-годишно момче кое го напушта домот во Германија и со прекуокеански брод заминува за Америка. Неговите родители го испратиле на пат поради љубовната афера со една од куќните помошнички и вонбрачното дете кое го добил од неа. На бродот случајно го запознал тамошниот ложач, кон кого стекнал големи симпатии. Ложачот му се пожалил на Росман за постојаниот мобинг од страна на Шубал, главен машинист на бродот и негов претпоставен. Двајцата заедно се упатиле кон канцеларијата на капетанот како ложачот би се пожалил за нанесената неправда и повреденото достоинство. Во канцеларијата го затекнале капетанот во друштво на еден американски сенатор, за кој се покажало дека е вујко на Карл. Сенаторот се викал Јакоб и решил да го земе Карл Росман под своја заштита. Ложачот пак, не успеал да ја докаже вината на Шубал најмногу поради неговото пелтечење и неаргументирани обвиненија од една страна, а од друга страна затоа што целиот бродски екипаж застанал во одбрана на Шубал. Росман не го дочекал исходот на расправијата бидејќи со неговиот вујко веднаш заминале за Њу Јорк.