Алексо Демниевски - Бауман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава sr:Алекса Демниевски
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Во [[1924]] станува член на работничката младина, а од [[1926]] година е член на [[КПЈ]]. Во втората половина на [[1928]] година е испратен во [[СССР]], каде што се запишува на Школата за националните малцинства на Западот. Во [[1932]] година ја завршува школата, а во [[1934]]-[[1935]] година поминува и одредена обука во [[Црвената армија]]. Во септември [[1936]] година, по одлука на КПЈ, заминува за Југославија каде требал да го преземе раководењето со Покраинскиот комитет за Македонија. Но, во [[Виена]], по 20-тина денови чекање, му е соопштено дека каналот за префрлање во Југославија е провален по што, наместо за Македонија, Демниевски решава да замине за [[Шпанија]].
 
Во Шпанија пристигнува во октомври 1936 година. Упатен е на југот на Шпанија, на фронтот во [[Кордоба]]. Прво е политички комесар на Балканската чета,<ref>С. Николов „Велешани на шпанските бригади“, „Вардарски глас“, 11 октомври 1979, 13 стр.</ref> потоа е командант на баталјонот „[[Ѓуро Ѓаковиќ]]“, а откако во септември 1937 година е унапреден во чин мајор, станува командант на меѓународниот баталјон „[[Георги Димитров]]“. Додека е во Шпанија, во Македонија како резултат на честите провали е обезглавена Комунистичката партија и [[Јосип Броз Тито]] прави напори Демниевски да се врати во Македонија и да застане на чело на македонското комунистичко движење. Сепак до тоа не доаѓа и Демниевски останува во Шпанија. Во август [[1938]] е ранет во борбите на Арагонскиот фронт и му е ампутирана ногата.<ref>Браќа Константинови „Чарли“, Битола, 1961, 53 стр.</ref> Префрлен е во [[Париз]], откаде во април [[1939]] година е префрлен во СССР на лечење.
 
[[Втората светска војна]] го затекнува во [[Киргистан]], на границата со [[Кина]], а во Југославија се враќа кон крајот на [[1944]] година. Се вклучува во НОВ и станува политички комесар како и командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус.