Македонска крвава свадба: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
| isbn = N/A
}}
[[Податотека:Vojdan krvava svadba.jpg|мини|десно|Корица на оригиналната верзија на драмата „Македонска крвава свадба“ на македонски јазик]]
:''За филмот, видете [[Македонска крвава свадба (филм)]]''
'''Македонска крвава свадба''' е најкомплетниот драмски текст на [[Војдан Чернодрински]], како во поглед на содржината, така и во однос на уметничкиот дострел, околу чие создавање и изведување изникнале цели перипетии. Во текот на размислувањата околу фабулата и ликовите, Чернодрински го најавил својот нов драмски проект, а заинтересираните - веќе заинтригирани од познатите авторот - веднаш побарале да го прочитаат - ненапишаниот текст и да се отпочне со распределбата на улогите! За да не се посрамоти, Чернодрински во еден навистина рекорден рок го напишал текстот. Малку подоцна, преку пробите, јавноста индиректно била запознаена со самата содржина на делото. Така дошло до интервенција кај официјалните бугарски власти од страна на еден туѓински дипломат кој побарал да се прекратат пробите на оваа драма. Реакционерната власт издала заповед за да се престане со работата над сценската реализација на делото. А кога главните протагонисти се оглушиле од таа заповед и ја закажале премиерата, пред зградата на "Славјанската беседа" во Софија, на самиот ден на премиерата, стигнала група вооружени коњички стражари со цел да ја разбркаат публиката. Пред нив, меѓутоа, застанале повеќемина четници и со парабелуми во рацете - го обезбедиле текот на премиерната изведба!