Алкен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Алкените''', кои се познати од порано и како '''олефини''', се [[јаглеводород]]и во чии [[молекул]]и, покрај единечни врски, се содржи и една двојна врска меѓу два [[јаглерод]]ни [[атом]]и. Според ова, најпростиот алкен ([[етен]] или етилен) содржи два јаглеродни атоми. [[Хемиска формула|Формулата]] на етенот е C<sub>2</sub>H<sub>4</sub>. Алкените се незаситени јаглеводороди.
 
За да се сврзат два јаглеродни атоми со двојна врска, тие мора да се ''sp<sup>2</sup>'' [[Хибридизација (хемија)|хибридизирани]]. Овие јаглеродни атоми се сврзуваат меѓусебно со по една од ''sp<sup>2</sup>'' хибридните [[Орбитала|орбитали]], а со останатите две се сврзуваат со [[водород]]ните атоми, притоа градејќи [[Сигма врска|σ врски]]. Бидејќи ''sp<sup>2</sup>'' хибридните орбитали лежат во една [[рамнина (математика)|рамнина]], јаглеродните и водородните атоми сврзани за нив лежат исто така во една рамнина. Со бочно (странично) препокривање на иван царут нехибридизираните ''p'' орбитали од јаглеродните атоми се образува [[Пи врска|π врска]].
 
Алкените со поголем број на јаглеродни атоми имаат иста градба во делот од молекулата каде е присутна двојната врска, а останатиот дел од јаглеродната низа се состои од [[тетраедар]]ски (''sp<sup>3</sup>'') хибридизирани јаглеродни атоми.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Алкен