Програмски јазик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
 
Програмскиот јазик е најчесто поделен на два составни дела од синтаксата (форма) и семантика (значење) и многу програмски јазици имаат некој вид на писмени спецификации за нивната синтакса и/или семантика. Некои јазици се дефинирани со документот за спецификација, на пример програмскиот јазик [[C]] е специфициран од страна на ИСО стандард, додека други јазици, како [[Perl]], имаат доминантно извршување, кое се користи како референца.
 
==Дефиниции==
Програмскиот јазик е нотација за пишување на програми, кои се инструкции на една пресметка или [[алгоритам]]. Некои, но не сите автори го ограничуваат терминот "програмски јазик" на оние јазици кои можат да ги изразат сите можни [[алгоритам|алгоритми]]. Карактеристики кои се сметаат за важни за она што претставува програмски јазик се:
* ''Функција и цел'': компјутерски програмски јазик е јазик кој се користи за пишување компјутерски програми, кои вклучуваат компјутерско вршење некој вид на пресметка или алгоритам и можна контрола на надворешни уреди како на пример принтери, дискови, [[робот|роботи]], и така натаму. Општо земено, програмскиот јазик може да опише пресметка на некоја апстрактна машина. Општо е прифатено дека комплетната спецификација за програмскиот јазик вклучува опис, по можност идеализиран, на машина или процесор за тој јазик. Програмските јазици се разликуваат од природните јазици со тоа што [[природен јазик|природниот јазик]] се користи само за интеракција меѓу луѓето, додека програмските јазици, им овозможи на луѓето да пренесуваат инструкции на машини.
* ''Абстракции'': програмските јазици, обично содржат апстракции за дефинирање и манипулирање со структури на податоци или контрола на протокот на извршување. Практичната потреба програмскиот јазик да подржува соодветни апстракции се изразува преку принцип на апстракција; овој принцип е формулиран како препорака до програмерот да се направи правилна употреба на апстракциите.
* ''експресивна моќ'': Теоријата на пресметување ги класифицира јазиците според пресметките кои се способни да ги изразат.
 
[[Јазик за означување|Јазиците за означување]] како [[XML]], [[HTML]] или trof кои дефинираат структурирани податоци, не се сметаат за програмски јазици. Програмските јазици можат да ја делат синтаксата со овие markup јазици ако семантиката за пресметување е дефинирана.
 
Терминот компјутерски јазик понекогаш се користи наизменично со терминот програмски јазик. Меѓутоа, употребата на двата термини зависи од авторите, вклучувајќи ја гледната точка на секој. Едната употреба ги опишува програмските јазици како подмножество на компјутерските јазици. Според тоа, јазиците употребени за пресметување кои имаат различна цел од изразување на компјутерски програми се генерички дизајнирани компјутерски јазици. На пример markup јазиците понекогаш се однесуваат како компјутерски јазици за да се истакне дека тие не се наменети за програмирање. Друга употреба ги опишува програмските јазици како теоретски конструкции за програмирање на апстрактни машини, и компјутерски јазици како подмножеството кое работи на физичките компјутери, кои имаат конечни хардверски ресурси.
 
==Елементи==