Адолф Хитлер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава udm:Гитлер
Ред 33:
 
Како и да е, тој бил [[вегетаријанство|вегетаријанец]], ги сакал децата, ги сакал животните, не пушел и не пиел, но користел амфетамини и до самиот крај и останал верен на својата љубовница, [[Ева Браун]].
 
== Ран живот ==
 
Се родил во [[Браунау на Ин]] како четврто од шест деца на Ајлоз и Клара Хитлер. Како мал сакал да стане опат, но подоцна кога созреал го привлекувало сликарството. Својот татко го гледал со страв и почит и повеќе ја сакал својата мајка. По нивната преселба во Линз татко му се пензионира и се почесто му ги кажува своите искуства кои ги доживеал работејќи како цариник, и Адолф уште од тогаш ја замразил професијата на својот татко. По смртта на Алојз,(1907) Адолф попушта со учење иако дотогаш се покажал како доста интелигентно дете, тој продолжува да ги учи само оние предмети кои го интересираат - историја и географија додека за другите се изјаснува дека се апсолутно непотребни и дека не би му послужиле за ништо. На шеснаесет годишна возраст го напушта училиштето и заминува за Виена. Таму останува одреден период сè додека не дознае дека мајка му е сериозно болна. Тој се обидува да стапи во контакт со повеќе доктори (сите кои ги молел за помош биле Евреи) но нитуеден од нив не сакал да му помогне. Се враќа во Линз со надеж дека мајка му успеала да најде доктор, и дознава дека не и останува уште долго време за живеење. Во 1907 умира Клара Хитлер и тој се враќа во Виена каде што се обидува да влезе во Виенската академија на уметностите, но две години по ред го одбиваат со објаснување дека темите на неговите цртежи се од неживата природа. Бил навистина талентиран уметник. Следните пет години во Виена му биле најужасните години во неговиот живот. Тогаш конечно се откажал од сликарството и се вработил во библиотека од каде што земал книги и се одлучил да го продолжи своето образование. Платата која ја добивал била многу мала и тој сите пари што ги имал ги трошел на книги и театарски претстави. Потоа ја изгубил работата во библиотеката поради недоразбирање со евреите кои работеле со него и се вработил на градилиште од каде што слушајќи ги своите соработници и сваќајќи дека неговите размислувања се многу по интелектуални од оние на луѓето кои работеле со него, се обидува да им ги појасни работите за власта, но овој настан завршил трагично и тој се вработил на друго градилиште. И од таму го избркале и го претепале, па сѐ уште во него имало надеж дека може да успее да работи како секој нормален човек па уште еднаш се обидел да работи како градежник, но и овој обид завршил трагично за него. После ова конечно сваќа дека никогаш нема да биде како останатите и тука уште повеќе ја воздигнува во своите ставови Германската нација над другите нации во Германија како единствена нација која заслужува простор за живеење. Потоа учествува во првата светска војна на Австро-Унгарскиот фронт каде што само два пати е повреден.Пред првата повреда среќата одлично го служела, каде и да се појавел неколку минути по неговото заминување се случувало или бомбардирање или експлозија. Но сепак среќата го изневерува кога во едно бомбардирање е повреден, но сепак само со една несериозна повреда на раката. Потоа во една експлозија се здобива со сериозна повреда на ногата каде што го губи едниот семеник.
 
== Воздигнување до моќ ==