Тутанкамон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.138.241 (разговор), вратено на последната верзија на Gerakibot
Ред 29:
Не е сигурно кои биле родителите на Тутанкамон. Се спомнува дека е кралски син,но не се знае точно од кој крал.Најголемиот број научници смета дека му бил син на Аменхотеп трети или на Аменхотеп четврти.Кога Тутанкамон го наследил престолот од Акхенатон, Аменхотеп трети бил веќе мртов. Тутанкамон вледеел со Египет меѓу 9 и 10 години.Испитувањата на неговата мумија покажуваат дека тој бил многу млад кога умрел.Се претпоставува дека имал само 19 години.До овој заклучок се доаѓа од испитувањето на неговите заби.
 
Тутанкамон бил оженет со Анкесенпатен,Акхенатовата ќерка.Анкесенпатен своето име го сменила во Анкесенамун.Познато е дека имале две ќерки кои биле родени мртви и нивните мумии се наоѓаат во гробницата на Тутанкамон.Египетските научници вршат ДНК анализа на две мумифицирани фетуси, пронајдени во гробницата на Тутанкамон за да утврдат дали тие се деца на најпознатиот фараон дете. Фетусите ги открил британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година, кога и ја открил фараонската гробница. Повеќето научници сметаат дека мајка на фетусите е Анкесенамун, единствата жена на младиот фараон. Анкесенамун инаку била ќерка на Нефретити, која надалеку била позната по својата убавина.
Египетските научници соопштија дека постои можност фетусите да не се деца на Тутанкамон. Од друга страна, според старото египетско верување фетусите му помагале на фараонот задгробниот живот да го живее како новороденче.
 
== Владеење ==