Разлика помеѓу преработките на „Шон Малоуни“

Додадени 4 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
Поради тоа што неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната 2006-07, Селтик му понуди нов договор на Малоуни. Меѓутоа, преговорите за договорот продолжија на неколку месеци, со постојано рушење поради разликите меѓу двете страни. Извршниот директор на клубот Питер Лоел тврдел дека Селтик "Не може да ги задржи играчите по секоја цена", додека Малоуни предупреди дека "Во ситуации како оваа, и двете страни треба да бидат целосно задоволни со резултатот". Тој, исто така, вети дека пролонгираните разговори околу договорот нема да влијаат на неговиот фудбал и дека се надева оти тој не би имало потреба да размислува за напуштање на клубот во иднина. Со сознанието дека Малоуни ќе биде во можност да замине за бесплатно со склучување на пред-договор со друг клуб во јануари 2007 година, фановите на Селтик стравуваа од најлошото, сеќавајќи се на заминувањето на [[Џеки МекНамара]].
 
Бидејќи двете страни неможеа да се договорат на крајот Селтик доби 1.000.000 £ за трансферот на Малоуни во [[Астон Вила]] кој веќе беше договорен. Тоа значеше дека во новиот клуб Малоуни одново ќе игра под водството на неговиот некогашен шеф [[Мартин О'Нил]].
 
Во неговиот прв мандат, Малоуни имаше вкупно 139 настапи за Селтик во сите натпреварувања, постигнувајќи 37 гола.