Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
илустрирање
Нема опис на уредувањето
Ред 63:
==Палења на цркви==
[[Податотека:Black candles Speyer 4.jpg|мини|десно|Црковни свеќи и почитувач на блек металот]]
[[Податотека:Church.20060530 PM.porvoo of finland.ojp.jpg|мини|лево|Запалената црква во Финска, стара повеќе од 700 год.]]
Музичари и љубители на норвешката блек метал сцена учествуваа во повеќе од 50 палежи на христијански цркви во Норвешка во периодот меѓу 1992 и 1996. Некои од градбите беа повеќе од стотици години стари и се сметаа за важни историски споменици. Една од поважните и попознати беше норвешката Фантофт дрвена црква. Полицијата сметала дека е запалена од Варг Викернес од едночлената група Бурзум. Насловната обвивка на албумот на Бурзум, Аске (норвешки за пепел), е фотографија од оваа црква после палењето. Во мај 1994 тој беше прогласен за виновен за палење на капелата Холменколен, црквите Скјолд и Асане. За да се совпадне со издавањето на албумот на Мејхем, Де Мyстерис Дом Сатанас, Викернес и Еуронимус исто така наводно направиле заговор да ја вивнат во воздух катедралата Нидарос; таа се наоѓа на омотот на албумот. Убиството на Еуронимус што се случи во август 1993 стави крај на овој план и го одложи издавањето на албумот. Музичарите Самот, Фауст (од Емперор) и Јерн Инге Тунсберг (од Хадес Алмигтy) исто така беа осудени за палења на цркви.