Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
илустрирање
Ред 48:
 
==Хелвете и Детхлајк Сајленс==
[[Податотека:Black metal - graffity in euronymous' basement.jpg|мини|десно|Графитот во подрумот на Еуронимус]]
 
Во периодот мај-јуни 1991, Еуронимус од Мејхем отвори независна продавница за плочи, Хелвете (пекол на норвешки), во Осло. Музичари од Мејхем, Бурзум, Емперор и Торнс често се среќаваа таму и тоа стана главната продавница за блек метал изданија. Во својот подрум, Еуронимус формира и своја независна издавачка куќа, Детлајк Сајленс Продакшанс. Заради зголемената популарност на неговата група и други како неа, овој “андерграунд” успех често се смета како заслужен за охрабрувањето на други издавачки куќи кои пред тоа го отфрлале блек металот, да се согласат да издаваат таков материјал.
 
Ред 68:
 
==Убиството на Еуронимус==
[[Податотека:Euronymous.jpg|мини|лево|Слика на Еуронимус]]
 
На 10-ти август 1993, Варг Викернес од Бурзум го уби гитаристот на Мејхем, Ејстајн 'Еуронимус' Аарсет. Таа ноќ, Викернес и Сноре "Блекторн" Рух (од Торнс), патуваа од Берген до станот на Еуронимус во Осло. Викернес смртно го прободел Еуронимус. Телото му било пронајдено надвор од станот со 23 рани - две во главата, пет на вратот и 16 на грбот.
Се спекулирало дека убиството било резултат на борба за моќ, финансиски несогласувања во врска со албуми на Бурзум, или обид за надминување на избодувањето во Лилехамер, извршено една година порано од страна на друг блек метал музичар, Борд 'Фауст' Ајтхун. Викернес тврди дека Аарсет подготвувал заговор да го мачи до смрт и да го сними настанот, искористувајќи состанок во врска со некаков непотпишан договор како изговор. На ноќта на убиството, Викернес тврди дека планирал да му го предаде потпишаниот договор на Еуронимус и "да му каже да се ‘откачи’ од него", но Еуронимус го нападнал прв. Викернес додава дека повеќето рани на Еуронимус биле предизвикани од скршено стакло на коешто тој паднал за време борбата. Фауст и останатите членови се сомневаат бо веродостојноста на таа приказна.