Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
==Инструментација==
[[Податотека:Destroyer666 by Christian Misje.jpg|мини|десно|Дистројер на Металфест, 2007 год.]]
 
Гитаристите од жанрот блек метал обично се благонаклонети кон остри гитарски тонови и тешка дисторзија. На гитарата обично се свири со многу брзо и непригушено тремоло трзање. Гитаристите често дисонанца – заедно со специфични скали, интервали и акордски прогресии – за да се доловат вознемирувачки и застрашувачки звуци. На пример, интервалот од цели три тона (тритон) е често употребуван. Гитарските сола и ниските гитарски штимови се ретки во блек металот.
Бас гитарата ретко се употребува за самостојни мелодии. Не е реткост присуството на бас гитарата да биде минимално или тешко да се чуе, или хомофонски да се следи бас линијата, одделно од онаа на гитарата. Вообичаено, тропањето на тапаните е брзо и со удари на два бас тапани и со т.н. “blast” удари.
Ред 10:
 
==Вокали и текстови==
[[Податотека:Ancestor@666fest.JPG|мини|лево|Настап на Анцестор во [[Куба]], 2010 год.]]
 
Традиционалните или „пуристичките“ блек метал групи обично употребуваат остри и груби вокали кои вклучуваат крештење, врескање и црекање. Овој стил на вокали е влијание од Квортон од групата Батори, и е една од особините кои ги разграничуваат традиционалните блек метал вокали од оние во дет металот (death metal), коишто обично се одликуваат со подлабоки вресоци.
“Блек метал” (Black metal), првично бил употребуван како израз за екстремни метал групи со сатанистички текстови. Денес, најчестата и основна тема на текстовите е противење на христијанството и другите организирани религии. Како дел од тоа, многу изведувачи пишуваат текстови кои можат да бидат сфатени како промовирање на атеизам, антитеизам, паганизам или сатанизам. Одбивноста на многуте секуларни или паганистички изведувачи на некој начин е сврзана со христијанизацијата на нивните земји. Други често истражувани теми се депресијата, нихилизмот, мизантропијата, смртта и други мрачни теми. Сепак, со текот на времето, многу изведувачи почнаа да се фокусираат повеќе на теми како годишните времиња (особено зимата), природата, митологијата, фолклорот, филозофијата и фантазијата. За повеќе информација за текстовите во блек металот, погледни подолу во делот “идеологија”.
Ред 61:
 
==Палења на цркви==
[[Податотека:Black candles Speyer 4.jpg|мини|десно|Црковни свеќи и почитувач на блек металот]]
 
Музичари и љубители на норвешката блек метал сцена учествуваа во повеќе од 50 палежи на христијански цркви во Норвешка во периодот меѓу 1992 и 1996. Некои од градбите беа повеќе од стотици години стари и се сметаа за важни историски споменици. Една од поважните и попознати беше норвешката Фантофт дрвена црква. Полицијата сметала дека е запалена од Варг Викернес од едночлената група Бурзум. Насловната обвивка на албумот на Бурзум, Аске (норвешки за пепел), е фотографија од оваа црква после палењето. Во мај 1994 тој беше прогласен за виновен за палење на капелата Холменколен, црквите Скјолд и Асане. За да се совпадне со издавањето на албумот на Мејхем, Де Мyстерис Дом Сатанас, Викернес и Еуронимус исто така наводно направиле заговор да ја вивнат во воздух катедралата Нидарос; таа се наоѓа на омотот на албумот. Убиството на Еуронимус што се случи во август 1993 стави крај на овој план и го одложи издавањето на албумот. Музичарите Самот, Фауст (од Емперор) и Јерн Инге Тунсберг (од Хадес Алмигтy) исто така беа осудени за палења на цркви.