Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
 
==Изглед и изведба==
[[Податотека:Hindvir Gaulhammer Fest 111008 01 C.jpg|мини|лево|Карактеристичен сценски изглед на блек метал музичарите]]
 
[[Податотека:AEBA.jpg|мини|десно|Германскиот бенд АЕБА]]
За разлика од изведувачите од другите жанрови, многу блек метал изведувачи не одржуваат концерти. Групите кои избираат да настапуваат често употребуваат сценски и театарски реквизити. Мејхем и Горгорот, меѓу разни други групи, се запаметени по нивните контроверзни изведби коишто вклучуваат прободени животински глави, исмевачки распнувања, средовековни оружја, како и членовите на овие групи облиени со животинска крв.
Блек метал изведувачите често настапуваат облечени во црно, со борбени чизми, појаси со муниција, шилести стегачи на рацете, обратно свртени крстови, пентаграми, за да се стави нагласок на нивниот антихристијански или антирелигиски став. Меѓутоа, нивната највоочлива особина е нивната црно-бела шминка, наречена “корпс пејнт” (corpse paint, во буквален превод - мртовечка боја или боја за мртовци), често придружена со вистина или лажна крв, за да се долови мртовечкиот изглед.
Ред 70 ⟶ 71:
Се спекулирало дека убиството било резултат на борба за моќ, финансиски несогласувања во врска со албуми на Бурзум, или обид за надминување на избодувањето во Лилехамер, извршено една година порано од страна на друг блек метал музичар, Борд 'Фауст' Ајтхун. Викернес тврди дека Аарсет подготвувал заговор да го мачи до смрт и да го сними настанот, искористувајќи состанок во врска со некаков непотпишан договор како изговор. На ноќта на убиството, Викернес тврди дека планирал да му го предаде потпишаниот договор на Еуронимус и "да му каже да се ‘откачи’ од него", но Еуронимус го нападнал прв. Викернес додава дека повеќето рани на Еуронимус биле предизвикани од скршено стакло на коешто тој паднал за време борбата. Фауст и останатите членови се сомневаат бо веродостојноста на таа приказна.
Кои и да беа околностите, Викернес беше уапсен по неколку дена и во мај 1994 беше осуден на 21 година затвор (максималната казна во Норвешка) за убиството и 4 палења на цркви. Викернес беше насмеан кога беше изречена пресудата и фотографијата беше широко распространета низ медиумите. Тој месец беше издаден албумот на Мејхем, Де Мистерис Дом Сатанас; Еуронимус свири на електрична гитара, а Викернес - на бас гитара. Пред издавањето, семејството на Еуронумус побарало од тапанарот на Мејхем, Хелхамер, да се отстрани бас линијата снимена од Викернес. Хелхамер вели „Мислев дека е соодветно убиецот и жртвата да се на истиот запис. Реков дека ќе ги преснимам бас делниците, но никогаш не го направив тоа“. Во 2003, Викернес не успеа да се врати во затворот Тøнсберг откако му било дозволено напуштање на краток период. Бил повторно уапсен додека возел украден автомобил со различни типови оружје. Викернес е ослободен условно во 2009.
 
==Конфликт меѓу сцените==
Се говорело дека имало силно соперништво меѓу норвешката блек метал сцена и шведската дет метал сцена. Фенриз и Чорт одбележуваат дека на норвешките блек метал музичари „им е преку глава од целата дет метал сцена“ и дека „дет металот бил многу непопуларен во Осло“ во тоа време. Бројни пати Еуронимус упатувал смртни закани на некои од попознатите дет метал групи во Европа. Наводно, група на љубители на норвешкиот блек метал дури и кроеле план за грабнување и убивање на некои шведски музичари од дет метал жанрот.