Хановер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 42:
== Историја ==
{{главна|Историја на Хановер}}
Хановер бил основан во средновековието на јужниот брег на реката [[Лајне]]. Неговото првично име ''Honovere'' значело „висок (речен) брег“, иако ова не е потврдено (''das Hohe Ufer''). Хановер бил мало рибарско село, кое станало релативно голем град во 13-от век поради неговата местоположба на природните патишта. Патувањето преку копно било релативно тешко, неговата позиција на горниот тек на реката помогнала да порасне со растечката трговија. Бил поврзан со [[Ханза|ханзеатскиот]] град [[Бремен]] преку Лајна и се наоѓал близу јужниот крај на широката [[Северногерманска низинаНизина]] и северзападно од планините [[Харц]], па така сообраќајот исток-запад и возовите поминува оттука. Така, Хановер бил излезна порта на речните долини на [[Рајна]], [[Рур (река)|Рур]] и [[Сар (река)|Сар]], нивните индустриски зони кои се ширеле на југозапад и низинските региони на исток и север, за копнениот сообраќај поврзувајќи го Харц со долните земји и [[Изборништво Саксонија|Саксонија]] или [[Тирингија]].
 
Во 14-от век биле изградени главните [[Црква (објект)|цркви]] во Хановер, како и [[Бедем|градскиот ѕид]] со три градски порти. Почетокот на индустријализацијата во Германија довела до трговија на железо и сребро од северните планини во Харц, што ја зголемило важноста на градот.
Ред 98:
[[Податотека:Hannover - Basiskarte (grell).png|thumb|Хановер и околината]]
 
Хановер се наоѓа во долината на [[Лајне]] на преминот помеѓу долносаксонските ридови и Северногерманската низинаНизина. Во југозападниот дел на градот се наоѓаат почетоците на Везерските висорамнини со плодна обработлива почва, додека на север градот се граночи со песочни и мочурливи области.
 
Положбата со неговите физички и географски услови на Хановер му нуди поволни можности за развој од средновековно село до голем град. Во Средниот век поминувал значајниот трговски пат Север-Југ, кој минувал низ долината на реката Лајне. Во 19-от век железничката пруга го следела овој пат и со изградба на [[Средногермански Канал|Средногерманскиот Канал]] како поврзување Исток-Запад во 20-от век Хановер станал раскрсница на овие значајни сообраќајни траси. Истото важи и за автопатскиот сообраќај со пресекот на [[Автопат 2 (Германија)|A2]] и [[Автопат 7 (Германија)|A7]] во близина на Хановер.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хановер