Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 95:
Во периодот од почеток на септември до крајот на ноември 1944 година во бугарската политика спрема Македонија, Тракија и Поморавјето настапуваат нагли и драматични пресврти кои се поврзани со воено повлекување и повторно воено навлегување во овие области.
 
=== Повлекување на бугарската администрација и армија ===
 
На 26 август 1944, под закана на Црвената армија, владата на Иван Багрjaнов прогласила неутралност на Бугарија во однос на војната меѓу Германија и Советскиот Сојуз. Таа препорачала германските трупи да ја напуштат земјата, или да бидат разоружени. Бугарија ги прекинала дипломатските односи со Германија, и сакала официјално примирје со САД и Велика Британија и почнала повлекувањето на бугарските војници од окупираните територии во Југославија (Македонија и Србија) и Грција. Во овој период по консултации со Софија, Иван Михајлов пристигнал во Скопје со намера да прогласи создавање на Независна Република Македонија, но се се откажал од таа идеја. Без оглед на овие околности, на 5 септември Советскиот сојуз објавил војна на Царството Бугарија. Сепак, новата влада на Константин Муравиев објавила војна на нацистичка Германија на 8 септември 1944 година, и истиот ден војниците на СССР навлегле во земјата.