Второ српско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
'''Второто српско востание''' претставува востание кое било дигнато од страна на Србите против [[Османлиската империја]] во 1815 година. На чело на востаниците застанал [[Милош Обреновиќ I|Милош Обреновиќ ]] <ref>Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996</ref>. За разлика од [[Прво српско востание|Првото српско востание]], ова востание довело до српска автономија во рамките на [[Османлиската империја]] и воспоставување на Кнежеството Србија кое имало своја влада, со овој чин биле удрени темелите на модерна [[Србија]].
== Позадина ==
[[Податотека:Knez Milos Obrenovic.jpg|150px|мини|лево|Милош Обреновиќ]]
По задушувањето на [[Прво српско востание|Првото српско востание]] т.н ''Српско прашање'' не било решено. Везирот Хусрид Паша прогласил амнестија за сите српски востаници. Еден месец подоцна именувал дванаесет оберкнеза во дванаесет нахии на Белградскиот пашалок. На османлиската власт се предале некои од водачите на [[Прво српско востание|Првото српско востание]], меѓу нив имало војводи и кнезови: Глигорије Радоичиќ, Милош Обреновиќ, Лазар Мутап, Арсеније Лома, Милич Дринчиќ, Павле Пљакиќ и Станоје Главаш.