Војна и мир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
 
== Реализам ==
Толстој извршил широки историски истражувања. Тој бил, исто така, под импресија на многу други романи. Како ветеран во руската армија за време на Кримската војна, Толстој бил доста критички настроен кон фактите на историјата, особено кон фактите на воената историја, ставови кои ги истакнал и во Војна и Мир.

Толстој ги прочитатал сите класични исторски студии достапни и на руски и француски јазик за Наполеоновите војни и комбинирал повеќе традиционални записи пишувани во форма на роман. Тој објаснува на почетокот од третиот том на романот дека ги изнесува неговите сопствени погледи за тоа како историјата треба да биде напишана. Неговата цел била да се ублажи длабокиот јаз помеѓу фикцијата и историјата, со цел опишаните настани да се доближат до вистината, како што вели тој во вториот том.

Дејството во романот се одвива 60 години порано од времето во кое е напишано самото дело, или кога би го цитирале самиот автор ''"во времето на нашите дедовци"'', како постојано напоменувал и Толстој. Тој разговарал со луѓе кои живееле за време на војната и во периодот на француската инвазија врз Русија во 1812 година, така што дејствата се, исто така, делумно етнографски насликани. Тој прочитал доста писма, весници, автобиографски и биографски материјали кои се однесувале на Наполеон и на десетици други историски ликови во романот. Постојат околу 160 вистински лица именувани или наведени во Војна и Мир.
 
== Јазик ==