Клиф Бартон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
== Кариерата со Металика ==
 
==== Примање во групата ====
Не помина долго време додека младите основачи на [[Металика]] го насетија неговиот голем музички потенцијал. Тапанарот [[Ларс Улрих]] и вокалот и гитарист [[Џејмс Хетфилд]] присуствувале на еден настап на [[Траума]] во живо, каде биле позитивно изненадени од неверојатното бас-соло во изведба на Бартон. По ова, тие го контактирале и му го понудиле испразнетото место на басист, каде претходно свирел [[Рон МекГовни]]. Бартон прифатил, но под услов целиот бенд [[Металика]] да се преселат во [[Сан Франциско]]. Поради големата желба да го имаат Бартон во составот, групата се согласила.
 
==== Првите денови во бендот ====
Неговото доаѓање во Металика донесе позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговото брилијантни изведби се одликуваа со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свиреше претставуваа мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната "[[(Anesthesia) Pulling Teeth]]" од деби-албумот "[[Kill 'Em All]]". <ref>Metal Asylum ''"Биографија на Клиф Бартон"''[http://www.metal-asylum.org/muzac/burton.html, Metal Asylum]</ref>
Освен што свирел, тој исто така активно учествувал во компонирањето песни за вториот албум на групата, насловен како "[[Ride the Lightning]]". Напишал музика за шест од осумте песни на албумот, од кои највпечатлива е иснтрументалната композиција "[[The Call Of Ktulu]]", каде бас-гитарата е ставена во водечка улога пред другите две електрични гитари.
 
==== Докажување во хеви-метал заедницата ====
1986 година беше одбележана со излегувањето на култниот треш-метал албум [[Master Of Puppets]], каде перформансот на Бартон бил трејдмарк на ова парче музика. Песната [[Orion]] ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, [[Металика]] заминуваат на турнеја низ [[САД]] заедно со рокерот [[Ози Озборн]]. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминува во посета на [[Европа]]. На 26 септември [[Металика]] одржа концерт за паметење во [[Стокхолм]], [[Шведска]], каде [[Џејмс Хетфилд]] првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинеше дека ништо не може да им застане на [[Металика]] на патот кон ѕвездите.
 
Ред 38:
[[Податотека:Cliff Burton - by Fruggo.jpg|300px250|мини|десно|Меморијалната плоча во Лингби]]
 
==== Сообраќајната несреќа ====
Групата беше на пат помеѓу [[Стокхолм]] и [[Копенхаген]], за да настапи на 27 септември во [[Данска]]. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автовусот. Бартон извлекол единица лист и го одбрал местото на [[Кирк Хамет]]. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколку пати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон. Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во [[САД]] и кремирано, а малку подоцна и погребано.
 
==== Металика по неговата смрт ====
По овој настан, [[Металика]] не можеше да се смета за бенд. Едно време тие дури и помислуваа да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучија да не се откажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на [[Металика]]. Во едно интервју [[Кирк Хамет]] ќе рече: <blockquote>''По несреќата секој од нас самостојно одлучи сета наталожена фрустрација и гнев да ги исфрлиме на сцената, каде и впрочем им е местото. Најлошото нешто што можевме да го направиме е да престанеме со свирки и да кукаме во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко би тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале волку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би не бодрел да одиме до крај'', велат од [[Металика]].</blockquote>