Горни Стубол: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
== Економија ==
Од турските пописни документи од [[1573]] година, иако сеуште нема поделба на Горни и Долни Стубол, каде се изнесни даночните обврски на селаните, овозможуваат неколку работи. Првата е дека има значјно високи даночни оптеретувања 10.645 акчиња, за вкупно 22 семејства и 65 неженети лица. Од тоа се заклучува дека селото било релативно богато со земјоделски производи. Се одгледувало пченица, мешано жито, бурчак, леќа и граор,бостан, зелка, овошје, грозје итн.
Инаку, за време на турскиот период поголемиот дел од наслението од Горни Стубол биле чифчии на кратовските бегови и аги, а само мал дел - раети: маденџии и доганџии. Некои од родовите раети имале стусстатус на доганџии, а Петриќевци станале сопственици на земјиште.
Горни Стубол поради природната конфигурација има поповолни услови за сточарство отколку за земјоделство. Така,на пример, во [[1931]] година имало речиси изедначен број на овци и кози (160 овци и 150 кози). Дваесетина години подоцна, во [[1952]] година бројот на овци е зголемен на 1260 грла, додека козите се намалени на 25 грла. За да во [[1971]] год. се намалува бројот на овци на 894 грла,а кози нема. И бројот на говеда расте од 77 грла (1931 г.) на 159 (1952 г.) за да во 1971 г. изнесува 134 грла. Интересно е што бројот на свињите е ист (85) како во 1931 та и во 1971 година.
Некое време, пред да почне миграцијата на младото и работоспособното насление, ќе се задржи нивото на сточниот фонд на добиток и свињи. Но, и добитокот, посебно коњите и мулињата, со воведување на земјоделската механизација ќе си замине во историјата. Сега најмногу од сточарството се застапени свињите и живината.