Советска војна во Авганистан: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Советско-Авганистанската војна''' била деветгодишен конфликт во кој [[СССР|Советските]] војски влегле во [[Авганистан]] во поддршка на Марксистичката народна демократска партија на Авганистан во нејзината борба против [[муџахедин]]ите. Муџахедините пак, во контекст на [[Студената војна]], биле поддржани од разни извори, вклучувајќи ги и [[САД]], [[Саудиска Арабија]], [[Пакистан]] и други муслимански земји.
 
Првобитно конфликтот започнал уште во текот на 1978. со присуство на советски воени инструктори и технички персонал на клучни локации во Авганистан, а кулминирал со масовна инвазија на 40. Армија на 27. декември 1979 во која бројот на ангажирани војници достигнал 104.000. Конечното повлекување на трупите на [[СССР]] започнало на 15. мај 1988. и завршило на 15. фебруари 1989. Поради неконечниот статус на војната, конфликтот во Авганистан често се споредува со [[Виетнамска војна|војната на САД во Виетнам]].
 
Над 1 милион Авганистанци биле убиени во војната.<ref>[http://users.erols.com/mwhite28/warstat2.htm#Afghanistan Death Tolls for the Major Wars ...]</ref> 5 Милиони Авганистанци пребегнале во Пакистан и [[Иран]], што е 1/3 од предвоената популација на земјата. Уште 2 милиони жители биле внатрешно раселени.<ref>Kaplan, ''Soldiers of God'' (2001) (p.11) </ref> Над 1,2 милиони останале инвалиди, а вкупно 3 милиони биле ранети или повредени од воените дејства, главно цивили.<ref> Hilali, A. (2005). ''US-Pakistan relationship: Soviet invasion of Afghanistan''. Burlington, VT: Ashgate Publishing Co. (p.198) </ref>