Кносос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава ko:크노소스
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам el:Κνωσός во el:Κνωσσός; козметички промени
Ред 1:
[[FileПодатотека:Knossos - 09.jpg|right|thumb|300px|Минојската палата во Кносос]]
 
'''Кносос''' (грчки ''Κνωσός'') бил древен [[град]] на островот [[Крит]], престолнина на легедарниот крал Минос и најголем културен центар за време на периодот на раните егејски цивилизации. Градот во континуитет бил населен 7000 години, започнувајќи со неолитски населби околу 7-от милениум п.н.е., се додека не бил напуштен поради некоја голема катастрофа cca 1375 п.н.е. со што е означен падот на минојската цивилизација. На Крит исто така се родило и најстарото писмо на европска почва, што го покажува културниот и цивилизацискиот дострел на луѓето што живееле на островот. Кносос се наоѓа на 6 километри од [[Ираклион]], денешниот главен град на Крит. Археолошкиот локалитет бил откриен во 1878 година од страна на грчкиот археолог Минос Калокеринос. Најважните археолошки откритија ги направил [[Артур Еванс]] во 1900 година.
 
 
== Кносос во митологијата ==
 
Во грчката митологија Кносос и Крит биле овековечени во многу легенди. Според подоцнежните [[Античка Грција|Грци]] планината Ида, која се наоѓа на Крит, било местото каде што Реа, божицата-земја, го родила [[Зевс]]. Таму тој бил хранет од природата само со мед и козјо млеко, одгледуван од нимфите и заштитуван од група на младинци од неговиот татко Кронос кој сакал да го убие. Во друг мит пак се споменува како Зевс заедно со Европа имал син, Минос, кој подоцна станал крал на Кносос, Крит како и целиот егејски басен. Минос живеел за време на херојскиот период, а владеел три генерации пред почетокот на [[Тројанска војна|Тројанската војна]]. Секоја девета година одел во пештерата Иду каде што Зевс го советувал како да владее. Тој изградил голема флота и ја воспоставил критската талесократија. За Атињаните тој бил бездушен тиранин кој ги жртвувал нивните деца на Минотаурот, кои [[Атина]] требала да ги испраќа секоја година како данок. Минос во својот двор го држел познатиот митски градител Дедал кој за него ја изградил грандиозната палата и познатиот лавиринт во кој бил сместен Минотаурот, синот на Миносовата жена Песифаја заедно со еден бик. Откако [[Дедал]] побегнал на [[Сицилија]], Минос решил да го бара од тамошниот крал Кокал. Во кралскиот дворец на Кокал, од страна на неговата ќерка бил убиен кралот Минос со топла вода. По смртта тој се спуштил во подземјето каде што станал судија кој им го определувал патот на душите на починатите. Овие легенди биле единственото нешто што се знаело за историјата на Крит се до XIX век.
 
== Географска положба на Крит и Кносос ==
Ред 30:
Палатата имала барем три одвоени системи за спроведување на водата. Еден за довод на вода, еден за исфрлање на непотребната вода од дождовите и еден за канализацијата. Преку аквадукти водата била пренесувана од околните извори до палатата и центарот на градот. Градот немал скриени извори на вода како во Микена и бил релативно ранлив на напади. Санитарниот одвод водел преку затворен систем во палатата до канализацијата надвор од градот. Поради честите поројни дождови палатата морала да има и одвод за спроведување на непотребната вода.
Бидејќи палатата се наоѓала на рид и била често изложена на морски ветришта, палатата имала добар систем на воздушна вентилација.
Ѕидовите на палатата биле украсени со фрески на кои се претставени игри со бикови и митолошки сцени. Овие фрески биле изработени на многу софистициран начин со многу бои, и за разлика од уметноста во Средното и Новото Египетско царство, на овие фрески немало претстави со воени мотиви. Карактеристика на критската уметност е тоа што мажите биле претставени со руса кожа, а жените со млечно бела боја на кожата. Речиси сите претстави се на млади и возрасни луѓе со неколу досега пронајдени слики со деца и стари. На сцените се прикажани голем број на активности како: риболов, собирање на цвеќиња и спортски подвизи.
Во централниот дел на палатата се наоѓала собата во која се наоѓал претстолот или церемонијалниот комплекс во кој живееле или кралот или врховниот свештеник.
 
Ред 37:
 
 
Уништувањето на Кносос во почетокот на XIV п.н.е. претставува најстар познат случај на минојска палата која била уништена во пожар и која никогаш на била обновена во истиот сразмер, без оглед на тоа што тоа место подоцна било користено од многу освојувачи. Останатите палати биле уништени на крајот на XIII век п.н.е., но не е возможно конкретно да се одредат ниту датумот ниту околностите под кои се случило уништувањето. Според мислењето на археолозите и трагите на ѕидовите, пожарот на палатата во Кносос се случил некаде помеѓу декември и април бидејќи во тој дел од годината дуваат најсилно јужните ветрови. Исто така стадата овци биле истиржени, волната разделена помеѓу жените, за ткаење и жетвата на житариците во некои делови била готова што исто така укажува дека пожарот се случил во пролет. Според Еванс постои можност градот да бил уништен и во земјотрес, ако се знае дека Крит лежи на подрачје со зголемена сеизмолошка активност. Денешната наука не е во можност да одреди дали имало земјотрес во минатото, па затоа оваа можност се остава како отворена. Против-тезите за оваа теорија се дека доколку некоја напредна цивилизација каква што била Минојската, доживее земјотрес првата непосредна реакција би била обнова. Но на Кносос нема докази дека после рушењата дошло до обнова. Сигурно некои од луѓето останале да живеат во некои делови на градот, но од пронајдените плочки нема знаци дека по катастрофата пак била обновена кралската палата или административниот центар.
 
 
Ред 43:
{{наводи}}Џон Чедвик, Микенски свет, Београд, 1980 год
Петар Илиевски, Животот на Микенците, Скопје, 2000 год
 
 
[[Категорија:Туристички атракции во Грција]]
Ред 59 ⟶ 58:
[[da:Knossos]]
[[de:Knossos]]
[[el:ΚνωσόςΚνωσσός]]
[[en:Knossos]]
[[es:Cnosos]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кносос