Милениумски развојни цели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.3) (Робот: Додава ml:സഹസ്രാബ്ദ വികസന ലക്ഷ്യങ്ങൾ; козметички промени
Ред 2:
'''Милениумските развојни цели''' се осум меѓународни развојни цели за коишто сите 192 земји-членки на [[Обединетите Нации]] и најмалку 23 меѓународни организации се договорија да ги постигнат до [[2015]] година. Тие вклучуваат искоренување на екстремната [[сиромаштија]], намалување на стапката на смртност кај децата, борба против смртоносни болести како што е [[СИДА|сидата]] како и развивање на глобално партнерство за развој.
 
=== Основа ===
 
Целта на Милениумските развојни цели е да се поттикне развој преку подобрување на социјалните и економските услови во најсиромашните земји во светот. Тие произлегуваат од претходните меѓународни развојни цели и официјално беа воспоставени по Милениумскиот самит во [[2000]] година кадешто сите светски лидери ја усвоија Милениумската декларација на Обединетите нации, а од кадешто произлегуваат и осумте цели предводени од групата на [[Џефри Сакс]].
Ред 8:
На Милениумскиот самит беше презентиран и извештајот на Генералниот секретаријат под наслов „Ние луѓето: улогата на Обединетите Нации во 21-от век“. Милениумскиот форум подготви и дополнителен влез кадешто се собраа претставници од повеќе од 1.000 невладини организации како и организации на граѓанското општество од повеќе од 100 земји. Форумот се одржа во мај 2000 година со цел да се затвори двегодишниот процес на консултации којшто ги опфаќа проблемите како што се искоренување на сиромаштијата, заштита на животната средина, човекови права и заштита на ранливите групи. Одобрувањето на Милениумските развојни цели е веројатно најважниот исход на Милениумскиот самит. Во областа на мирот и безбедноста, усвојувањето на Извештајот на Брахими се смета за правилно опремување на организацијата за спроведување на мандатите од страна на [[Советот за безбедност]].
 
=== Идеите пред Милениумските развојни цели ===
 
Милениумските развојни цели потекнуваат од Милениумската декларација на Обединетите нации. Според декларацијата, секој поединец има право на достоинство, слобода, еднаквост, основен стандард на живеење којшто вклучува и ослободување од глад и насилство, а ја поттикнува и толеранцијата и солидарноста. Милениумските развојни цели имаат за цел да ги воспостават овие идеи преку поставување цели и индикатори за намалување на сиромаштијата со цел да се постигнат правата содржани во Декларацијата во наредните петнаесет години.
Ред 22:
Милениумските развојни цели, исто така, ја истакнуваат и улогата на развиените земји во помагањето на земјите во развој, како што е наведено во осмата цел. Осмата цел ги поставува целите за развиените земји за да постигнат „глобално партнерство за развој“ со подршка на фер трговија, олеснување на долговите за земјите во развој, зголемување на финансиската помош и пристап до основните достапни лекови како и охрабрување на трансфер на технологијата. На тој начин, земјите во развој не се оставени сами на себе во постигнувањето на Милениумските развојни цели, но се сметаат за партнер во развојот на договорот за намалување на сиромаштијата.
 
=== Милениумски развојни цели ===
 
Милениумските развојни цели се развиени надвор од осумте поглавја на Обединетите нации потпишани во септември 2000 година. Постојат осум цели и 21 потточка на овие цели како и бројни мерливи индикатори за секоја потточка.
 
=== Цел 1: Искоренување на екстремната сиромаштија и глад ===
 
'''Потточка 1А: Преполување на процентот на луѓе коишто живеат со помалку од 1 долар дневно'''
Ред 46:
* Процент на населението коешто живее под минималното ниво на потрошувачката на храна и енергија
 
=== Цел 2: Постигнување на универзално основно образование ===
 
'''Потточка 2А: До 2015 година, сите деца да можат да завршат основно образование'''
Ред 54:
* Писменост на деца на возраст од 15 до 14 години
 
=== Цел 3: Промовирање на полова еднаквост како и правата на жените ===
 
'''Потточка 3А: Елиминирање на половата нееднаквост во основното и средното образование, по можност до 2005 година, како и на сите нивоа до 2015 година'''
Ред 62:
* Процент на местата на жените во националниот парламент
 
=== Цел 4: Намалување на стапката на смртност кај децата ===
 
'''Потточка 4А: Намалување од две третини на стапката на смртност кај децата на под пет години во периодот помеѓу 1990 и 2015 година'''
Ред 70:
* Процент на едногодишни деца вакцинирани против мали сипаници.
 
=== Цел 5: Подобрување на здравјето на мајките ===
 
'''Потточка 5А: Намалување на стапката на смртност на мајките од три четвртини во периодот помеѓу 1990 до 2015 година'''
Ред 84:
* Несоодветна потреба за планирање на семејство
 
=== Цел 6: Борба против ХИВ/СИДА, маларија и други болести ===
 
'''Потточка 6А: Да се запре и да се намали ширењето на ХИВ/СИДА до 2015 година'''
Ред 104:
* Процент на откриени случаи на туберколоза како и процент на излечени случаи со краток курс по директно набљудување на процесот на лекување
 
=== Цел 7: Обезбедување одржливост на животната средина ===
 
'''Потточка 7А: Интегрирање на начелата на одржливиот развој во националните политики и програми како и замена на дефицитот на ресурси од животната средина'''
Ред 127:
* Процент на градско население коешто живее во сиромашни квартови како и осигурување дека живеалиштата на загрозените видови се заштитени.
 
=== Цел 8: Развој на глобално партнерство за развој ===
 
'''Потточка 8А: Дополнителен развој на отворен и предвидлив трговско-финансиски систем кадешто владеат правилата и недискриминацијата'''
Ред 155:
* Земјоделска подршка за земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој како процент од нивното БДП
* Процент на финансиска помош за развој на прекуокеанските земји за помош на градење на трговски капацитети
* Одржливост на долгот:
* Вкупен број на земјите коишто влегоа во групата на тешко задолжени сиромашни земји
* Ослободување од долгот по иницијатива на тешко задолжените сиромашни земји
Ред 170:
* Интернет корисници
 
=== Дебата за Милениумските развојни цели ===
 
Негативните страни на Милениумските развојни цели вклучуваат недостаток од аналитичка моќ и оправдувања за одбраните цели. Милениумските развојни цели ги изоставаат важните идеали како што се недостаток на силни цели и индикатори за еднаквост што многу научници го сметаат тоа за нивна голема мана поради разликите на напредокот кон намалување на сиромаштијата помеѓу различни групи кај народите. Милениумските развојни цели, исто така, имаат недостиг од фокус врз локалното учество и овластување (исклучувајќи ги овластувањата на жените) како и врз одржливоста којашто ја доведува нивната иднина по 2015 година во прашање. Споед тоа, додека Милениумските развојни цели се алатка за постигнување напредок во намалувањето на сиромаштијата и го обезбедуваат политичкиот патоказ за постигнување на овие цели, тие не ги опфаќаат сите потребни елементи за постигнување на идеалите изнесени во Милениумската декларација. Друга критика за Милениумските развојни цели е тешкотијата или недостигот од мерки за некои од целите. Амир Атаран, вонреден професор и истражувач во областа на правото, здравјето на населението и глобалната развојна политика при Универзитетот во Отава, смета дека е практично невозможно да се измерат целите поврзани со морталитетот кај мајките, маларијата и туберколозата и дека моменталната проценка на ОН нема научна важност или пак таа воопшто не постои. ОН често вржат истражувања на домаќинствата за проценка на податоци за Милениумски развојни цели поврзани со здравјето на луѓето. Но, се смета дека овие анкети даваат мали и некорисни мерки за податоците коишто тие се обидуваат да ги добијат. Покрај тоа, и многу други организации вршат непотребни истражувања со коишто само ги истрошуваат ограничените материјали. Исто така, земјите со највисок степен на смртност кај мајките, маларија и туберколоза често имаат најмалку доверливи податоци. Атаран смета дека без прецизни мерки за податоците од минатото и сегашните податоци за Милениумските развојни цели поврзани со здравјето на луѓето е невозможно да се одреди дали е постигнат напредок во однос на овие цели, гледајќи ги Милениумските развојни цели како нешто повеќе од реторички повик за вооружување.
Ред 176:
Поборниците за Милениумските развојни цели сметаат дека е тешко да се измерат некои цели, но сепак постои валидност во поставувањето на целите како што е поставувањето на политичка и оперативна рамка за постигнување на целите.Тие, исто така, сметаат дека мерењето на Милениумските развојни цели коишто не се поврзани со здравјето на луѓето често пати е одлично и затоа тие велат дека не е во ред сите Милениумски развојни цели да се осудат на неуспех само поради недостиг од податоци. За потешкотијата да се измерат целите, тие сметаат дека треба да се идентификуваат најдобрите практики, а тврдат и дека нивната импликација е мерлива како и нивните позитивни ефекти врз напредокот. Со зголемување на квантитетот и квалитетот на здравствените системи кај земјите во развој ќе се собираат повеќе податоци а, исто така, ќе се постигне и поголем напредок. На крај, Милениумските развојни цели ќе го насочат вниманието кон мерките на благосостојбата надвор од приходите што ќе придонесе финансирање за постигнување на овие цели.
 
Се смета дека Милениумските развојни цели ќе го потпомогнат и човековиот развој преку негово мерење коешто нема да бидат само врз основа на приходот туку ќе се даде предност на интервенциите, воспоставување на цели со операционализирани мерки за напредок (иако тешко е да се постигне напредок со оглед на потребните податоци за негово мерење) како и зголемено учество на развиените земји во намалувањето на сиромаштијата низ светот. Мерењето на човековиот развој во склоп на Милениумските развојни цели оди надвор од приходите и се насочува кон здравјето и образованието вклучувајќи ги половите и репродуктивните права, одржливоста на животната средина и ширење на технологијата. Давањето приоритет на интервенциите им помага на земјите во развој со ограничени ресурси да донесуваат одлуки за тоа каде да ги распределуваат ресурсите и преку кои јавни политики. Милениумските развојни цели, исто така, ја зајакнуваат и заложбата на развиените земји да им помогнат на земјите во развој како и да ја поттикнат финансиската помош на размена на информации. Заедничката одговорност на земјите во развој и на развиените земји за постигнување на овие цели ја зголемува веројатноста за нивниот успех којашто е зајакната со подршката на 189 земји (Милениумските развојни цели се најшироко прифатени цели за намалување на сиромаштијата коишто некогаш биле поставени во светот).
 
=== Напредок ===
 
Напредокот во однос на постигнувањето на овие цели е нерамномерен. Некои земји постигнаа некои од целите додека другите земја се на пат да ги остварат. Големите земји коишто ги постигнаа овие цели се: Кина (кадешто сиромашното население се намали од 452 милиони на 278 милиони) и Индија поради јасните внатрешни и надворешни фактори на населението и економскиот развој. Сепак, постојат области на коишто им е најпотребно намалување на сиромаштијата како што се на пример регионите во Супсахарска Африка кадешто треба да се направат драстични промени во подобрувањето на квалитетот на живење. Паралелно со Африка, сиромаштијата во Супсахарска Африка се намали само за еден процент и токму поради тоа се изложува на голем ризик да не ги исполни Милениумските развојни цели до 2015 година. Основните прашања ќе утврдат дали Милениумските развојни цели се постигнати или не. Главно станува збор за целите повразни за полот, поделени во хуманитарни и развојни агенди како и агенда за економски раст според истражувачите при Институтот за развој на прекуокеанските земји.
Ред 199:
И Кабир и Хејзер сметаат дека сегашните Милениумски развојни цели не ставаат доволен акцент врр следењто на половата нееднаквост во намалувањето на сиромаштијата бидејќи постојат само цели поврзани со здравјето, образованието и политичката застапеност. Со цел да се охрабрат овластувањата на жените и напредокот на Миленимските развојни цели, потребно е да се стави поголем акцент врз развојните политики на половата интеграција како и собирање податоци врз основа на пол.
 
=== Преглед на самитот во 2010 година ===
 
Главната конференција се одржа во седиштето на ОН во Њујорк од 20 до 22 септември 2010 година за да се разгледа постигнатиот напредок бидејќи преостануваат уште пет години до крајниот рок.
Конференцијата заврши со усвојување на глобалниот акционен план за постигнување на осумте цели против сиромаштија заклучно до крајниот датум, 2015 година. Конференцијата ја одбележаа и новите големи заложби за здравјето на жените и децата како и новите иницијативи во светот за борба против сиромаштијата, гладот и болестите.
 
=== Предизвици на Милениунмските развојни цели ===
 
Иако финансиската помош на развиените земји за постигнување на Милениумските развојни цели се зголемуваше во последните неколку години, се покажа дека половина и повеќе од неа е наменето за ослободување од долгот на сиромашните земји. Исто така, останатите пари од финансиската помош се наменети за помош при природни катастрофи и воена помош со коишто земјата не постигнува дополнителен развој.
Ред 212:
Многу експерти се сомневаат во моделот на Милениумските развојни цели за директниот пренос на милијарди долари од владите на богатите земји во често бирократските или корумпирани влади во земјите во развој. Оваа форма на финансиска помош доведе до широк цинизам од пошироката јавност во богатите земји и негативно влијае врз ширењето на потребната финансиска помош.
 
=== Контроверзност за финансирање од 0,7% од БНД ===
 
Во текот на изминатите 35 години, членовите на ОН постојано „се залагаа за бруто домашен производ (БДП) од 0,7% за богатите земји“ во склоп на Официјалната помош за развој.Оваа заложба за првпат се случи во 1970 година од страна на Генералното собрание на ОН.
Ред 221:
Сепак, САД и некои други држави не се сложија за Монтерејовиот консензус којшто ги повикува развиените земји коишто не ја постигнале целта од 0,7% од бруто националниот производ (БНП) да го направат тоа во поскоро време како Финансиската помош за развој на прекуокеанските земји во развој“.
 
=== Помош за целта од 0,7% ===
 
ОН сметаат дека донаторите треба навистина да се залагаат за постигнување на оваа долготрајна цел од 0,7% од БНД до 2015 година.
Ред 229:
Многу организации работат на тоа да го привлечат политичкото внимание на САД кон Милениумските развојни цели. Во 2007 година, проектот Борген започна да функционира со сенаторот Барак Обама кога се донесе Глобалниот акт за сиромаштија, нацрт-закон со кој Белата куќа се обврзува да развие стратегија за постигнување на целите. Почнувајќи по 2009 година па се до денес, нацрт-законот не е усвоен, а тоа е периодот кога Барак Обама е избран за претседател.
 
=== Предизвици за целта од 0,7% ===
 
Сепак, многу членки на Организацијата за економска соработка и развој, вклучувајќи ги и клучните членки како што се Америка, немаат постигнато напредок во однос на ветувањето за помош од 0,7% од нивниот БНП за намалување на сиромаштијата до крајниот рок, 2015 година. Придонесите на некои земји се критикувани бидејќи изнесуваат многу помалку од 0,7%.
Ред 237:
Владата на Австралија се залага да обезбеди 0,5% од БНД во Меѓународната финансиска помош за развој до 2015/16 година, без да се постигне долготрајната цел од 0,7%.
 
=== Сродни организации ===
 
„Милениумската кампања на Обединетите нации“ е кампања којашто има за цел да ја зголеми подршката за постигнување на Милениумските развојни цели и бара каолициски партнери за дејствување. Милениумската камапања ги опфаќа меѓувладините, владините и граѓанските организации и медиуми и на глобално и на регионално ниво.
Ред 277:
[[jv:Angkah Pambangunan Milenium]]
[[lv:ANO Tūkstošgades attīstības mērķi]]
[[ml:സഹസ്രാബ്ദ വികസന ലക്ഷ്യങ്ങൾ]]
[[ms:Matlamat Pembangunan Milenium]]
[[nl:Millenniumdoelstellingen]]