Светски трговски центар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Светскиот трговски центар''' (англ. ''World Trade Center'') во [[Њу Јорк]], [[САД]] бил комплекс од седум згради во долниот [[Менхетен]], дизајнирани од архитектот [[Минору Јамасаки]] и инженерот [[Лесли Робертсон]], а изграден од Пристанишните власти на Њу Јорк и Њу Џерси кои го поседувале земјиштето.
 
Изградбата започнала во 1966, а целосно завршила на 4. април 1973. Најдобро е познат по двете 110-катни кули-близначки високи по 417м (со антената на северната кула 526,3м). Терасата на врвот на јужната кула и ресторанот на северната кула нуделе спектакуларна глетка на Менхетен и околината.
 
Комплексот, со вкупна површина од 1,24 милиони м² деловен простор, лоциран во срцето на финансискиот кварт на Менхетен бил израз и одраз на престижот на американската финансиска индустрија. Во вообичаен работен ден, во кулите работеле 50.000 луѓе и уште околу 200.000 поминувале како посетители. Комплексот дури имал и сопствен поштенски број - 10048.