Гаврила Державин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
== Живот ==
 
Державин е роден во [[Казањ]]. Неговиот далечен предок [[мурза]] Багрим, кој се преселил од [[Голема Орда|Големата Орда]] во XV век во [[Москва]], бил покрстен и станал вазал на рускиот [[велик кнез]] [[Василиј II (Русија)|Василиј II]]<ref>[http://www.tstu.ru/win/kultur/literary/derj/rod.htm Биографија на Державин]</ref>. Но сепак, во XVIII век татко му бил само сиромашен селски благородник, кој умрел додека Гаврила бил мал. Таму Гаврила учел малку гимназија, а потоа заминал за Петербург како поручник во гардата. Таму се воздигнал од обичен војник до до највисок [[државник]] под покровителство на [[Катерина Велика]]. Најпрвин ги воодушевил командантите за време на Пугачевскиот бунт. Политички остроумен, ја напуштил војската, па пристапил кон служба во државните институции, и со тоа понатаму напреднал во кариерата. Станал губернатор на Олонец (1784) и [[Тамбов]] (1785), личен секретар на царицата (1791), претседател на Стопанскиот колегијат (1794), па на крај станал министер за правда (1802). Се пензионирал во 1803 и го провелминал остатокот од животот на селскиот имот кај Званка близу [[Новгород]], пишувајќи идили и [[анакреон]]ски стихови. Починал во 1816 и бил погребан во Хутинскиот манастир близу Званка, а во советско време, препогребан во новгородскиот [[кремљ]], па потоа вратен во манастирот.
 
== Дела ==