Максим Горки: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава tg:Алексей Максимович Горкий |
внимание |
||
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{внимание}}
[[Податотека:Maxim Gorky authographed portrait.jpg|thumb|right|Максим Горки]]
[[Податотека:1900 yasnaya polyana-gorky and tolstoy.jpg|thumb|right|[[Лав Толстој]] и Максим Горки]]
'''Алексеј Максимович Пешков''' ({{lang-ru|Алексей Максимович Пешков}}), алијас '''Максим Горки''' (''Максим Горький'') ([[Нижни Новгород]], [[28 март]] [[1868]] – [[Горки]], [[Москва]], [[18 јуни]] [[1936]]), бил [[Русија|руски]]
За да ги запознае што потемелно односите во руското општество, Максим Горки крстосувал широката руска земја, еден дел изодувајќи пешки, со торба на рамо,
=== Животот и семејството ===
Неговиот татко бил столарски занаетчија. Но тој рано умрел, оставајќи го малиот Алјоша како четиригодишно сираче. Неговата сопруга и синчето останале на грижите на стариот Василиј Каширин, дедото на Алјоша. Него момченцето не го сочувало во најдобри спомени, но затоа ја засакало баба си Акулина Ивановна, од која ги научило народните сказни и песни што го одушевувале посебно.
По осиромашувањето на дедото Васја, особено по смртта на мајката, малиот Алексеј бил принуден со сопствен труд да си го заработува парчето леб. Детството му станало мачно. Тешкиот живот станал негов придружник и во подоцнежните години, кога Горки, како физички работник пропатувал илјадници милји пловејќи по [[Дон]], пешачејќи по [[Украина]], [[Бесарабија]], по [[Црно Море|Црноморското крајбрежје]], за да стигне до [[Грузија]] и назад.
Во меѓувреме другарувал со книгите. Го восхитувале делата на [[Пушкин]], [[Лермонтов]], [[Чернишевски]], [[Гогољ]], [[Плеханов]], [[Тургењев]], [[Толстој]], [[Достоевски]]. Го читал [[Балзак]], [[Флобер]]. Од теоретичарите го заинтересирал [[Адам Смит]], а посебно го одушевило делото на [[Маркс]]. Младиот Горки му пристапил на руското револуционерно работничко движење. Во него се вклучил, пишувајќи агитациони материјали, но во исто време, користејќи го својот писателски талент, палел во срцата на обесправниот револуционерен пламен. Симболичните текстови ''Песна за соколот, Срцето на Данко, Мајка'' и многу други, речито зборуваат за ангажираноста на Максим Горки на страната на [[пролетаријат]]от. Затоа властите во царска Русија го
Во револуционерната [[1905]] година го затвориле во Петропавловската тврдина, од која го извлекло светското јавно мислење што се кренало како протест против неговото затворање. Потоа бил присилен да емигрира. Престојувал во повеќе западноевропски земји, а најмногу се задржал во [[Италија]]. Едно време поминал во [[Америка]]. Воопшто, целиот негов емигрантски живот се одвивал во знакот на една револуционерна и многу конкретна дејност. За сето време создавал и литературни дела. По враќањето во татковината се зближил со поетот [[Владимир Мајаковски]].
=== Смрт ===
Максим Горки се разболел, лекувајќи се во [[Италија]].
Малку подоцна станал претседател на Сојузот на советските писатели.
=== Дејност и книжевно творештво ===
Во основата, творечкиот пат на Максим Горки познава три фази: критичарите уште во она време забележале извесни [[романтизам|романтичарски]] елементи во неговиот потход: романтичен патос во првите негови творби, користење на фолклорот и, пред се, инсистирање на симболиката. За ''Песната на стариот даб'' не се знае многу, освен дека не ја добила визата на критиката - што била причина Горки да го уништи својот ракопис. Но неколкуте стиха, останати во сеќавањето на Горки а кои тој одвреме навреме ги цитира по разни поводи како да ја откриваат метафорично симболичната порака што ја носела оваа стихувана творба. Првиот објавен расказ на Горки, ''Макар Чудра'' таа приказна за стоичката непокорност и гордост на младите [[Цигани]] Рада и Зобар, веднаш го свртел вниманието на публиката и на критиката. Поемата ''Девојка и смрт'', поетска проза ''Песна за соколот, Песна за буревесникот'', а потоа расказот ''Старицата Изергил'' го сочинуваат оној прв циклус од романтичарските творби на М. Горки, на кои навистина им се припишува влијание на романтичарската школа, но кои прифатени безрезервно ''како нов вид романтизам''
Ред 26 ⟶ 29:
Така Горки на широко ги слика преставниците на речиси сите слоеви, надополнувајќи ја својата галерија со ликови од селската средина, иако преку понепознатите раскази.
Третата фаза од неговото творештво ги опфаќа делата: недовршениот роман ''Животот на Клим Самгин'',''Делото на Артомонови'' третиот дел од автобиографската повест ''Моите универзитети'' и други осврти и статии „за разни прашања од литературата, уметноста и естетиката“. За овој период на творештвото на Горки карактеристично е свртувањето на авторот кон животот на преставниците на бужоарската класа, со длабока анализа на развојот, на кулминацијата и пропаста на тој слој од руското општество во годините непосредно пред [[Октомвриската револуција]]. Од друга страна, Горки го замислил на широк план идеолошкиот судир на класите, но смртта го спречила да го заврши тоа свое монументално дело, романот ''Животот на Клим Самгин''.
=== Улога и значење ===
Максим Горки не само што
Негови најпознати дела се драмите „На дното“, „Малограѓани“, романите „Животот на Клин Самгин“, „Делото на Артанови“ и „Мајка“.
|