Бона Сфорца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во 1518 година Бона Сфорца се омажила за полскиот крал Сигисмунд I и имале шест деца.
 
Бона Сфорца се одликувала со голема убавина и енергија. Уште додека бил жив нејзиниот сопруг, таа започнала да врши големо влијание во управувањето на Полското Кралство успевајќи да се отргне од големите дворјани. Како кралица на Полска Бона Сфорца е позната и со покровителство над ренесансната уметност, која благодарение на неа, започнала да продира во [[Полско-литванска унија|Полско-литванската унија]].
 
По смртта на Сигисмунд I, новиот крал [[Сигисмунд Август]] бил принуден да се бори против силното влијание на својата мајка. Бона Сфорца имала план преку династическите бракови на своите деца да ја обедини под своја власт речиси цела католичка Европа. Во нејзините планови сепак не бил вклучен вториот брак на Сигисмунд Август со литванската принцеза [[Барбара Радзвил]]. Поради тоа Бона Сфорца застанала на чело на Католичката опозиција во Полска против бракот на кралот со бидејќи принцезата била калвинистка. Тоа е причината Бона Сфорца да биде осомничена дека учествувала во труењето на Барбара Радзвил, која починала во 1551 година.