Катерина Сфорца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
Во Форли, законот и редот бил одржуван од страна на нејзниот чичко Лудовико Сфорца. По пристигнувањето во Форли тие разбрале дека за нов папа бил избран својот стар противник [[Папа Инокентие VIII]]. И покрај тоа што останал да управува со градот, папата им ги намалил своите овластувања. Поради ова нејзиниот сопруг морал да воведе даноци во Форли создавајќи си непријатели.
 
По повеќе обиди, нејзниот сопруг бил убиен во 1488 година, а Катерина била затворена заедно со нејзините деца. Во овие моменти најмногу и помогнал Лудовико Сфорца кој заедно ги поразиле своите непријатели.
 
На 30 април 1488 година Катерина започнала да владее како регент на нејзиниот најстар син Отавијано Сфорца, кој бил признат како нов владетел на Форли, иако тој бил премногу млад за да владее. Првион чекор која го направила е да се одмазди за смртта на својот сопруг, Сепак, истата година се омажила со [[Џакамо Фео]], кој бил убиен во 1495 година. Следната година се омажила за [[Џовани Медичи]] кој починал во 1498 година.
 
Во меѓувреме за нов француски крал бил избран Луј XII, кој започнал до воена кампања во Италија преку сојузот со Савоја, Венеција и папата. Како главна цел на папа Александар VI му била создавање на ново кралство на чие чело ќе стои неговиот син Чезаре Борџија. За таа цел тој издал була на 9 март 1499 година поништувајќи ги сите феудални владетели на земјиштето вклучувајќи ја и Катерина. Таа започнала да регрутира луѓе во војската. На 24 ноември Чезаре пристигнал во Имола каде ја зазел без борби. Кога пристигнал пред портите на Форли, Катерина го прашала на народот дали сакаат да го предаде градот без војување, на кое тие одбиле. Градот паднал на 12 јануари 1500 година.
 
== Наводи ==