Миланско Војводство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Војводството било создадено на 1 мај 1395 година од Жан Галеацо Висконти, лорд на Милано и прв милански војвода. Кога династијата Висконти изумрела во 1447 година, Милано се прогласил за република а на чело на земјата застанал Франческо Сфорца кога успеал да се ожени со ќерката на последниот милански војвода. Династија Сфорца со Милано владеела до 1535 година.
 
Во 1498 година, војводата од Орлеон станал крал на Франција под името Луј XII. Веднаш по застанувањето на тронот тој ја побарал круната во Милано бидејќи сметал дека го наследил од неговиот татко. По одбивањето од страна на Сфорца следувала инвазија во 1499 година во Северна Италија каде успеал да го симне од престолот на Лудовико Сфорца. Франција со Миланското војводство владееле до 1512 година, кога со помош на Швајцарија на чело на земјата бил поставен Масимилијан Сфорца, син на Лудовико. Новиот француски крал Франсоа I во 1515 година повторно го нападнал војводството и го заробил на Масимилијан. Со Милано французите владееле до 1521 година кога Австријците на власт го поставиле Франческо Сфорца II, брат на Масимилијан.